Python со Костадин Ристовски: Python за финансии 3

Во моментот, серијата туторијали поврзани со Python за финансии содржи 9 видеа во времетраење од нешто помалку од 3 часа. Ова е трето видео од оваа серија со фокус на анализа на податоците од претходните две видеа кои се однесуваа на преземање на податоци и на крипто-валути и акции.

Серијата започнува со краток вовед и инструкции како да се добијат историските цени на криптовалути, како и на акциите на компаниите кои тргуваат на големите берзи. Овие пристап за добивање на информации се користи во наредните видеа од серијата.

Вториот дел е наменет за визуелизација со кој почетници би можеле да прикажат одредени податоци.Наредните 3 видеа покриваат т.н. технички индикатори (MACD, RSI, Bollinger bands) кои се користат при тргување со финансиски инструменти.

Видеото број 6 покрива креирање на графикон на кој се прикажани дневните почетни, крајни, најниски и највисоки цени на одреден финансиски инструмент.

Серијата продолжува со туторијал посветен на настани кои имаат големо влијание на финансиските пазари, како финансиската криза и КОВИД-19.

Последните 2 видеа покриваат корелација и портфолио оптимизација. Секако, да се има знаење во областа на финансии помага, но не е задолжително за следење на серијата.


Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски, тој е автор и на туторијалите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии