Во првиот туторијал на Горан Јованоски може да се запонзнаеме со инсталација и користењето на PyCharm. PyCharm е алатка за развој на Python решенија која може значително да ја олесни работата на програмерите.
Покрај инсталацијата на развојната околина и Python, во ова прво видео ќе може да се запознаеме и со видовите на променливи во Python.
Недостатокот на видео туторијали на македонски за програмски јазици е една од причините која го натера Горан Јованоски да креира сопствени едукативни видеа. На својот YouTube канал споделува видео туторијали на македонски јазик за програмскиот јазик Python.