Путин ќе се бори против зомбија во нова видео игра You don’t mess with Putin

До пред десеттина години, немавме баш многу избор што да правиме кога ќе не изнервираат политичарите. Бидејќи молчењето не доаѓа во предвид, остануваа или празните трибини на стадионите или викање пред телевизорот. За среќа времињата се променија, дојде нов бран на развивачи на видео игри, кои не мислеа дека е непригодно ако дел од нервозата која ни ја причнуваат политичарите ја истрошиме низ „casual“ видео игри.

Најнов, овојпат херој, во видео игра е Рускиот претседател Владимир Путин кој во дигиталниот свет ќе се бори против зомбија кои ја напаѓаат прес-конференцијата за озападнување на руската гејминиг индустрија. Името на играта е You don’t mess with Putin, а играта доаѓа бесплатно на iOS на 31 октомври.

Претходни политичари кои биле цел на потсмев во видео игри се и Анегла Меркел во Leader Flip, игра во која цел е да се исфри премиерот на Германија на Месечината. Дејвид Камерон имаше своја виде игра во која тренира бокс со лидерот на опозицијата Ед Милибанд. Свое деби на гејминг сцената имале и: Ричард Никсон, Мит Ромни, Пол Рајан, Роналд Реган, Бил и Хилари Клинтон и секако Џорџ Буш.

Интересно барем засега не сме забележале видео игра со домашни политичари, иако се чини дека има и доволно причини и доволно материјал за вакво нешто.

1 коментар на “Путин ќе се бори против зомбија во нова видео игра You don’t mess with Putin

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии