Скопје го доби првиот полнач за електрични возила

Кратко откако беше претставен првиот електричен автомобил кој ќе се продава во Македонија, сега е претставен и првиот полнач за електрични автомобили во Скопје. Полначот е сместен на првиот кат на гаражата „Македонска фаланга“, и има моќ од 22 киловати. Во превод тоа значи дека полначот може да наполни електричен автомобил за 30-тина минути. Заедно со полначот и ПроКредит банка си ги претстави своите пет нови електрични автомобили.

Пристап до полначот ќе биде бесплатен за сите електрични возила. Ова можеби е прва субвенција за електрични автомобили во Македонија. Некои држави веќе активно ги субвенционираат електричните автомобили со цел да го стимулираат купувањето. Иако се поскапи од вообичаените автомобили, пример популарниот Tesla Model S чини над 60.000 евра, сепак разни држави се обидуваат да го поттикнат купувањето така што за електричните возила ги ослободуваат од плаќање паркинг и патарини. Бенефитите од овие возила се очигледни – покрај поевтината струа, најважно е што електричните возила не испуштаат штетни гасови. Во Македонија нема официјални субвенции за електрични автомобили, освен овој бесплатен пристап до катна гаража. Но, ова е почетокот.

Според градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ќе бидат инсталирани уште полначи и ќе бидат набавени електрични возила за потребните на Град Скопје. Веќе е набавена и втор полнач од јавното претпријатие Градски паркинг.

1 коментар на “Скопје го доби првиот полнач за електрични возила

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии