Со Pulse, Twitch е малку поблиску до друштвена мрежа

Најголемата платформа за споделување на видеа од игри, Twitch, додаде „social feed“. Ова е одлична вест за сите кои ја користат платформата, бидејќи сега ќе можат да ја користат истата за да ги споделат и најават стримовите. Досега за ова креаторите на содржина на Twitch мораа да користат други друштвени мрежи или медиуми.

Бета верзија на Pulse излегува во март. Дел од платформата ќе биде и можноста за споделување на содржини налик на “news feed”-от на Facebook. Ограничување на содржината речиси и нема па може да се споделуваат клипови, линкови до содржина, youtube-видеа, слики и пораки, јави VentureBeat.

Токму неможноста за споделување на најавите за стримови ги принудуваше „твичерите“ да ги промовираат видеата во живо на други платформи. Ваков проблем имаше до неодамна и YouTube, но пред неколку месеци започнаа да тестираат слично решение.

„Лансираме новитет кој ќе им овозможи на стримерите и гледачите да комуницираат едни со други, без разлика дали е стримот во живо или не. Pulse е место на кое стримерите ќе можат да споделуваат и комуницираат со своите следбеници директно од страницата на Twitch. Ова е можност за споделување на: клипови, хајлајти, распоред, фотографии и слично.“, вели Шила Рају од Twitch.

Ова е втора поголема и добредојдена промена на Twitch во кус период. Минатата недела платформата најави додавање на можност за продавница на видеоигри. Од продавницата ќе можат да заработат и дел од креаторите на содржина, ако купувачот ја купи играта нивниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии