Publish Sync ви овозможува да споделувате истовремено на Facebook, Twitter и Google+

Доколку имате Google+ профил, а сакате истовремено да објавувате и на Facebook и Twitter, тогаш Pubblish Sync е правата апликација за вас. Pubblish Sync е екстензија за Chrome која ви овозможува еден пост истовремено да го објавите на повеќе друштвени мрежи преку повеќе друштвени мрежи, односно преку Google+, Facebook, или пак преку Twitter.

Кога ќе ја инсталирате апликацијата Pubblish Sync, под полето за споделување на било која друштвена мрежа ќе ви се појават останатите друштвени мрежи кои треба да ги штиклирате доколку сакате истиот пост да се појави и на нив. Апликацијата исто така поддржува споделување линкови, фотографии, и видеа.

Pubblish Sync исто така ви овозможува и да споделите со одредени кругови од вашиот Google+ профил, што ја прави доста корисна за оддржување на приватноста. За жал нема опција да се одреди со кого споделувате Facebook пост, пример дали да е јавен, само со пријателите или со пријателите на пријателите.

Екстензијата исто така дозволу споделување на линкови на Facebook, Twitter, LinkedIn, Digg и MySpace, но интересно не и на Google+. Најверојатно бидејќи друштвената мрежа на Google е сè уште во затворена тест фаза.

1 коментар на “Publish Sync ви овозможува да споделувате истовремено на Facebook, Twitter и Google+

  1. А дали постои апликација која овозможува пренесување на постови од блог (на Blogger) до Google+? Како што е Twitterfeed за Twitter, Facebook итн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии