Првото возење на Tesla Semi од Невада до Калифорнија

Автономните камиони од Tesla се далеку од целосна реализација и од почеток на продажба. Сепак, Tesla се пофали дека камионите успешно го поминале првиот тест. Tesla Semi е првиот автономен електричен камион од Tesla. Секако на возачкото седиште мора да има присутен возач. Electrek објави и кусо видео од возењето.

Првиот товар кој го префлија камионите се батерии. Камионите тргнаа од Gigafactory во Невада и успешно стигнаа до втората фабрика во Калифорнија. Веста и сликата од камионите на Instagram ја сподели Илон Маск.

Tesla Semi ќе биде значително побрз и побрзо ќе забрзува од дизел камионите. Без товар до 100 km/h камионот забрзува за 5 секунди. Со максимално дозволен товар од 40 тони, камионот до 100 km/h забрзува за 20 секунди. Под полн товар камионот може да искачува 5% нагорнина со максимална брзина од 105 km/h.

Она што е можеби е најимпресивно е батеријата. Камионот на Tesla ќе може да извози 800 километри помеѓу полнења. Според податоците, најголем дел од рутите, дури 80 %, се пократки од 400 километри, па камионот со едно полнење ќе може да отиде и да се врати. Камионот ќе се полни на новата Mega Charger мрежа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии