Првото видео на капсулата на Hyperloop One

Дејан Соколоски

во Вести

Стартапот кој работи на технологија за супер брзо патување Hyperloop One за прв пат сподели видео од капсулата во тунелот. Тестот успешно потврди неколку исклучитлно важни концепти за функционирањето на технологијата. Капсулата лебдеше над лежиштата додека забрзуваше во текот на патувањето.

Во овој тест Hyperloop One возеше со брзина од 305 километри на час со што и практично ја надмина брзината на најбрзите возови. Ова е далеку од брзината од 1.200 km/h која е крајна цел на Hyperloop. Се чини дека во моментов сè уште се тестираат условите при забрзување. При постигната максимална брзина, транспортната капсула би требало да се движи благодарение на разликата во притисоците.

Кај Hyperloop One транспортната капсулата е сместена во цевка со специфични услови со помал притисок. За намалување на триењето капсулата левитира на овие лежишта. За левитација се користи истиот водух кој ја придвижува капсулата нанапред. Во најголем дел од патувањето не се користат линеарни магнетни мотори, иако во дел од патот, движењето настанува благодарение на овие мотори. Во тунелот движењето е благодарение на разликата во притисоците. Пред капсулата притисокот е помал, зад капсулата притисокот е поголем. Ова се остварува со моќни вентилатори. Капсула има вентилатор за компресирање кој се користи како мотор. Помалиот притисок пред капсулата овозможува и намалување на отпорот на воздухот. Благодарение на помалото триење и отпор на воздухот овој транспортен систем може да достигне многу висока брзина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии