Првото проширување за Forza Horizon 4 излегува на 13.декември

Forza Horizon 4 планира да ја исфрли првата експанзија за месец дена. На 13.декември, фановите на оваа тркачка игра ќе навлезат на остров кој се наоѓа на западната страна на Британските острови.

Fortune Island ќе ви дозволи да ја исполните вашата потреба за брзина на несигурни планински патишта и премини и да излезете на крај со уште попредизвикувачки временски услови. Паралелно со ова, ќе можете да ловите скриени богатства и да седнете зад воланот на пет нови Ford возила од GymkhanaTEN.

Fortune Island е првото од двете планирани експанзии за Forza Horizon 4. Интересно е тоа што проширувањето не се продава засебно и е само дел од сезонската пропусница или од ултимативната едиција за играта. Сезонската пропусница за Forza Horizon 4 чини 35 долари и, како и основната игра, е достапна ексклузивно преку продавницата на Microsoft.

Што се однесува до основната игра, Forza Horizon 4 излезе во октомври годинава и, за брзо време успеа да ги освои фановите со 450 лиценцирани возила за истражување на преубавиот отворен свет. За успехот на играта дефинитивно помогна и крајно комплексниот систем за динамично време и прикажување на омилените околини низ сите временски сезони и со сите предности и додатоци кои би можеле да влијаат на патот. На XONE, Forza Horizon 4 ужива 92 поени, а на PC платформата, играта собра 89 поени, што е повеќе од импресивнo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии