(Доколку сакате да дискутирaте за рецензијата, да прашате или споделите искуство, направете го тоа на форумот на IT.com.mk)

Logitech повеќе од 30 години се занимава со дизајн и производство на квалитетни периферни уреди. Квалитетот на поголемиот дел од производната програма на Logitech е потврден од потрошувачите и неговата распространетост. Овој пат на тест земавме еден од уредите на Logitech за кои се збори дека се едни од најдобрите во класата. Станува збор за сараунд 5.1 звучниците Logitech Z906 кои имаат огромна моќ и мали димензии, и се вооружени со голем број на интерфејс приклучоци и секако одличен дизајн.

Карактеристики

  • Total watts (RMS) 500W Subwoofer 165W, Satellites 5 x 67W
  • THX® сертифициран
  • Dolby Digital 5.1 декодирање
  • DTS декодирање
  • 3Д стерео (сараунд звук од 2-канални извори)
  • Digital optical inputs: 2
  • Digital coaxial input” 1
  • Six-channel direct input: Да
  • RCA input: Да
  • 3.5 mm input: 1
  • Тежина: 14Kg
  • Гаранција: 2 години
  • Цена: 24.850 ден.

Пакување<

Z906 се испорачува во картонска кутија во црно-зелена боја, позната како „Logitch зелена“, и на неа може да се најде кратко упатство на повеќе светски јазици, слика од самите звучници, марка, модел и кратка листа со спецификации. Нема ништо ново и иновативно во поглед на пакувањето. Во внатрешноста на оваа навидум обична кутија се крие моќното озвучување со додатоците. Сетот содржи:  сабвуфер, два задни звучници, двата предни звучници, централниот канал, жична конзола, далечински управувач со батерии, пет жици за сателити, сигналот кабел 3h3.5 мм – 3h3.5 мм, упатство за користење. Можеби ќе забележите дека недостасуваат одредени кабли за звук преку други извори, но за жал тоа ќе мора да си го купите одделно.


Дизајн

Во однос на дизајнот на системот ќе забележите дека е сосема традиционален за овој вид на производи од компанијата Logitech. На прв поглед познати облици и форми на сателитите ќе ве потсетат на неговиот претходик z5500. Телото на сателитите е изработено од квалитетна врвна пластика со пристојна тежина.

Сателити

Од практична гледна точка, се работи за компактен сателит со 65W моќност смстени во мало тело. Од ова се гледа дека Logitech обрнале повеќе внимание на квалитетот на звукот отколку на дизајнот. На предната страна се наоѓа звучник со дијаметар од само 2-5 прекриен со црна заштитна мрежа. На задната страна на сателитите се наоѓа отвор за прикачување на ѕид, како и терминали за поврзување на кабли.

Субвуфер

Бидејќи мали звучници не можат да репродуцираат бас фрекфенции, потребно е да се издизајнира и субвуфер кој нема да репродуцира само подлабок бас, туку ќе опфати поголем фрекфентен опсег. Субвуферот на Logitech Z906 5.1 Surround е комплетно изработен од MDF со дебелина од околу 12 mm. Целосно е обложен со црна фолија. Рабовите се благо заоблени за намалување на така наречен паразитски звук. На предната страна се наоѓа 8-инчен вуфер затворен со црна заштита мрежа, а околу него се наоша сјаен украсен прстен, највероватно вметната да разбие монотонија.

Бас-рефлекс отворот се наоѓа на десната страна и е од иста изработка како и прстенот околу вуферот.

На задниот дел на субвуферот може да се види дебела метална рамка, која има улога на heatsink. Не неа се поставени сите потребни приклучоци. На интерфејсот со приклучоци, освен стандардниот 5.1 (3×3.5mm) има и стерео влез RCA. Покрај тоа постојат два оптички влезови и еден коаксиален. Сите се целосно независни еден од друг.

Контролна конзола

Контролната единица е во форма на пластична кутија со заоблени рабови и гумени подлоги. Кабелот е доволно долг за да го поставите каде сакате и да биде доволно оддалечен од вуферот. Централно на предниот дел се наоѓа прстен кој служи за контрола на звукот, опкружен со 11 портокалови LED индикатори.

На левата страна се наоѓа копчето за вклучување/исклучување, за менување на излези, за менување на ефекти како и индикаторот за Decode. На десната страна има LED приказ од сите звучници и вуферот, копче за mute и level. Над нив се наоѓа логото на Dolby Digital, DTS, и THX. Освен сите овие копчиња, странично има и два џека 3.5 mm за поврзување на слушалки. Комуникацијата со вуферот се врши преку VGA 15пински конектор.

Тестирање

Тестирањено на z906 сараунд системот е направено  на два начина – со микрофон и со музика во висок квалитет. За мерењата да бидат по објективни, прво решивме да го поврземе со микрофон и да мериме опсег на фрекфенции кои ги прифаќа овој сараунд. За да можеме да го изреализираме овој тест добивме на заем професионален студиски микрофон RODE NTK како и звучна карта Asus Xonar Essence STX.

Резултатите од мерењата на микрогон се следни: Сателитите почнуваат да работата на 150Hz, а нивниот одговор има прилично добри нерамнини ± 4 dB. Да спомене дека некаде во среден опсег (200 … 2000 Hz) не-униформност не надминува ± 1,5 dB. Високите тонови се малку тапи, но тоа е оправдано бидејќи е мерено во отсуство на емитер на високи фрекфенции.

Долната граница пак на сабвуферот е на околу 50 Hz. Негатвност може само да се сметаат нерамнините на околу 60 Hz и при голем обем може да предзвика неразбирливост во некои области.

[youtube]iL0maVP7CQg[/youtube]

За подетална анализа на квалитетот на звукот на максимум волумен, го тестиравме на песни со висок квалитет. Првиот тест е на 70 dB (A) на растојание од 1 метар, расотојание доволно за удобно слушање. Нарушувањето на звукот е незабелижетилно и е помало од 1%. Дисторзијата на звукот е прикажана во графикот.

На 75 dB (A) нарушувањето се зголемува минимално, но се чуствуваат појави на неразвиени подрачја.

Јасно е дека ова е на дното 200-300 Hz, и спектар – 3 … 7 kHz. на 80 dB (A) THD се зголемува на 1 до 2%, а ефектот од повисок ред хармоници уште посилен.

На 85 dB (A) веќе нарушувањата се почуствуваваат на ниските и на високите тонови.

Субјективното слушање на системот како целина е позитивно. Во јачината на звукот нема да имате никаков проблем и ќе биде доволно гласен и на поголеми простории дури од 30-50 метри квадратни. Сабвуферот работи доста добро и дава одличен приказ на детали. Звукот на сателитите се карактеризира со јасна студена боја. Малку недостастасува вискоите звуци, но тоа не е толку критично кога се слуша во целина со сабвуферот. Деталите на репродукција на различни музики е над просекот. Додека го слушате ќе сватите дека фазните карактеристики не се совршени , но се така позиционирани да звукот во етер звучи сосема нормално.

[youtube]8prSu5rf2S4[/youtube]

Заклучок

Со право можеме дека кажеме дека слушањето на музиката преку z906 е вистинско уживање. Одлично избалансиран звук во футуристички дизајн. Моќните сателити и уште помоќниот вуфер, прават z906 да биде одличен аудио систем за секој дом. Доколку не сте аудиофили кои имаат изострено уво и потребни им се илјадници евра за да го добиат приближно она што го бараат, тогаш дефинитивно ова е системот кој треба да го имате. Можеби единствен фактор кој ќе ве спречи да уживате во ова задоволство е цената, која доколку се земе во предвид со квалитетот кој ќе го добиете, се проголтува некако.

Позитивно

  • Одличен дизајн.
  • Голем број на ијтерфејс приклучоци.
  • Моќен вуфер.
  • Далечински управувач.
  • Чист звук.
  • Убаво средена контрола за звук.

Негативно

  • Недостасува диспелј на контролата за звук.
  • Далечинскиот управувач можело да има повеќе функции.
  • Цената не е достапна за секого.
Голема благодарност до НИКО компјутери кои ни го отстапија производот на тест

1 коментар на “Прво слушање на Logitech Z906 5.1 Surround

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии