Lenovo за прв пат го претстави својот нов производ IdeaPad Yoga на CES 2012. Станува збор за хибриден „акробатски“ ултрабук-таблет компјутер со целосен екран на допир и Windows 8 оперативен систем. Во Македонија е достапен и о двете гoлемини oд 13,3 и 11,6-инчни. Ние на тест го имаме поголемиот Lenovo IdeaPad Yoga 13. Yoga 13 е лаптоп со комплетен екран осетлив на допир 13,3 инчен 1600х900 пиксели, процесор Ivy Bridge (Intel i5/i7), 8GB RAM, SSD од 256GB. Сето тоа спакувано во 17 mm дебелина и тежина од 1,5 килограми.

[youtube]psxXAen7Joo[/youtube]

Спецификации

  • Процесор: Intel Core i7 3667U
  • Оперативен систем: Windows 8 Pro х64
  • Чипсет: Intel ® HM77 Express чипсет
  • RAM меморија: DDR3 1600 MHz SDRAM, onboard меморија 8 GB
  • Екран: 13,3″ 16:9 HD (1600×900) сјаен IPS, до 10 прсти.
  • Графичка: Intel HD Graphics 4000
  • Простор: SATA III SSD 256GB RPM<
  • Камера: 3MP auto focus
  • Комуникации: Wi-Fi 802.11n Bluetooth 4.0
  • Интерфејси: 1xUSB 3,0 1xUSB 2.0, 1xHDMI, 1xкомбиниран аудио приклучок, SD читач
  • Звук: На два стерео звучници, High Definition аудио
  • Батерија: 58 Wh (3900 mAh, 14,8 V)
  • Димензии: 16,9 mm x 333,4 x 224,8
  • Тежина: 1,55 кг
  • Гаранција: 1 години
  • Цена: 71.290.00 ден.

Пакување

Yoga 13 се испорачува во тврда црна картонска кутија на која се наоќа само визуелна слика од самиот лап-топ и неговата можност на ротирање како и марка и модел. Lenovo се многу скромни кога е во прашање дополнителни додатоци, па затоа освен самиот лаптоп, полнач и упатства за користење нема ништо друго. Ултрабукот се напојува од батерија 58 Wh (3900 mAh, 14,8 V) која се полни со 220V 50-60Hz полнач.

Дизајн

Lenovo на својата Yoga има имплементирано интересен механизам на отварање кој може да дејствува и како лаптоп и како таблет компјутер. Горниот капак со интегриран екран може да се ротира до речиси 360степени. Како резултат на тоа туркајќи го до максимален агол, корисникот добива таблет компјутер, а доколку го вратите во традиционалната положба ќе добиете лаптоп. Манипулацијата со капакот не е лесна со една рака, па затоа ќе морате убаво да го движите со двете раце.

Капакот на лаптопот е направен од брусен мат алуминиум кој за разлика од конкурентните ултрабукови делува некако помеко. На надворешниот поклопец стои само логот на производителот, и има заоблени агли од сите страни. Долниот дел исто така е изработен од мат алуминиум кој е отпорен на гребење на кој се наоѓаат 4-те гумички (во вид на пирамида) на кои легнува лаптопот. Отворите за топол воздух се наоѓаат на горниот заден крај.

Во поглед на надоврешни интерфејс приклучоци е скромен. На десната страна се наоѓаат:  приклучокот за полнење, USB 2.0, SD card читач и копче за вклучување/исклучување на auto rotate на дисплејот. Од левата страна има 1 HDMI приклучок, 1 USB 3.0, комбиниран аудио приклучок и копчиња за контрола на звук.

Копчето за вклучување заедно со индикаторот за полнач и onekey копче кое служи за брз recovery се наоѓаат на предната страна.

Квалитетот на звукот е потврден со High Definition D.D кој ги задоволува секојдневните потреби. Доколку сакате појак и почист звук ќе морате да поврзете дополнителни звучници.

Маската која се наоѓа околу тастатурата и тач падот е од црна пластика со мека текстура, која на допир дава чувство на скапа работа. Придвижувањето на курсерот се врши со мултитач тачпадот кој е лесен за навигација и подржува до 10 прсти. Сместен на средина на предниот дел и е физички одвоен од куќиштето.

Тастатурата е изработена од црна пластика со заоблени рабови на копчињата. Лесна е за користење. Проблем настанува кога ќе треба да работите на лаптопот при слаба осветленост бидејќи тастатурата нема позадинско осветлување.

Функционалност

Можеби 13,3-те инчи се оптималната дијагонала за вистински мобилен компјутер. Резолуцијата од 1600×900 пиксели е поприфатлива од full Hd 1080p кај останатите модели со иста големина на екран. IPS матрица која дава широк агол на гледање покриен со комплетен тач сјаен екран. Негативното кај сјајните екрани е што се осетливи на отпечатоци и при работа на сонце лесно се забележуваат.

Боите што овој екран ги нуди се живи и живописини, па затоа нема потреба да се грижите за дисторзија на боја. Сензорот за допир е многу чуствителен и поддржува до 10 симултани допири што ја олеснува секојдневната работа како таблет компјутер. Екранот при полна осветленост достигнува (до 305 cd/m2) и добар контраст (околу 905:1). Теоретски овие бројки треба да ветуваат перфекција во гледањето, но во пракса овие параметри се немоќни против сјајниот екран кој дава ефект на огледало.

Перформанси и тестови

Кога станува збор за перформансите Lenovo Yoga има класични ultrabook компоненти. Моќен i7 3667U процесор подржан од HD 4000 интегрирана графичка картичка и дури 8GB RAM меморија што е сосема доволно и за најпребирливите купувачи. Имате 256GB простор на SSD. Lenovo Yoga 13 доаќа со лиценциран Windows 8 Pro x64bit и без некој посебен софтвер.

Вреди да се спомене е убаво осмислениот и лесен за навигација менаџер на енергија, преку кој со два клика се штеди енергијата од батеријата.,

Teстирање

Уредот е тестиран на препознатлив начин со веќе познати програми за тестирање: As SSD, CristalDiskMark, 3DMark 11,7,6, Unigane Benchmark, Cinebench и HWinfo. Процесорот работеше со вклучен TurboBoost кој дистигнува и до 3.0GHz.

Графичката работи на стандардни 350/800MHz и при тестирањето не е клокана.

Кога се во прашање температурите можеме со право да кажеме дека се работи за ладен ултрабук. При минимална оптеретеност температурите се движат околу 35 степени, а при максимална оптеретеност до 75 степени. Кулерот се вклучува на околу 53 степени. Подолу се сликите за при Idle и при Load.

Времетраењето на батеријата е стандардна и не се разликува во ништо од конкурентните Ultrabook’s. При мирување трае околу 6 часа и 30 минути, при користење на интернет приближно 4 часа и 35 минути, а при максимална оптеретеност 2 часа и 40 минути.

As SSD

Скалдирањето на податоците се врши на SSD Samsung од 256 GB капацитет. Брзината на дискот не е на највисоко ниво, имаме видено и извонредни резултатит од овие типови на дискови.

CristalDiskMark

И од вториот тест на диск преку кој се гледа време и брзина при запишување и читање на дискот го потврдуваме погоре кажаното.

3DMark

На 3DMark тестовите (најнов update) се гледа дека и на синтетичките тестови не се разликува многу од неговите колеги .

  • PCMark 7: 4396
  • 3DMark 6: 4368
  • 3DMark 11: 573

Unigane Benchmark

Cinebench

Заклучок

Спред критериумите кои прецизно се зададени од наша страна можеме слободно да кажеме дека Lenovo Yoga високо котира. Уникатениот механизам на отварање кој од лап-топ се претвара во таблет е одлична новина. Екранот на допир ви овозможува лесно користење, искористувајќи ја предноста на новите функции на модерниот Windows 8. Цената е разумна кога е во прашање ваков вид на модерен уред.

Малиот број на недостатоци на Yoga-та се реваншираат со одличниот дизајн во кој секој љубител на модерни ултратенки, повеќе функционални уреди би се вљубил. Искрено имавме одлично искуство и дружба со она што Lеnovo ни го подготви со 13 инчната верзија на Yoga-та.

Позитивно:

  • Добра осмисленост за механизам за трансформација;
  • Одличен модерен дизајн;
  • Убав избор на материјали од кој е изработен уредот;
  • IPS екран на допир;
  • Издржлива батерија;
  • Тивок.

Негативно:

  • Тежок кога е во прашање таблет компјутер;
  • Тастатура без осветлување;
  • Сјасниот екран брзо се замастува;
  • Графичката е тесно грло на уредот.

Огромна благодарност до NIKO Computers кои ни овозможија први да го имаме уредот на тестирање.

1 коментар на “Прв поглед на Lenovo IdeaPad Yoga 13 Ultrabook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии