Прво место за тимот на ФЕИТ во меѓународниот меѓународниот натпревар по LabVIEW

Прво место за македонската екипа од Факултетот за електротехника и информациски технологии на меѓународниот натпревар по LabVIEW. Првопласираниот тим е составен од студентите Петар Видоевски, Андреј Грунески и менторите Живко Коколански и Бодан Велковски. Петар Видоевски освои и второ место во поединечниот натпревар.

„Покрај учеството во поединечниот натпревар се одржуваше хакатон преку кој се запонававме со останатите колеги и разменувавме знаење. Се претставив со студентски труд насловен – LabVIEW based chess clock – кој беше прикажан преку постер. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на моите ментори за нивниот придонес кон мојот успех“, вели Видоевски.


LabVIEW е натпревар во виртуелна инструментација, а оваа година се одржа во Белград. Учествуваа 22 студенти од регионот, а домаќин на натпреварот оваа година беше Електротехничкиот факултет од Белград.

„Секоја година учествуваме на меѓународниот натпревар по LabVIEW со тим студенти од ФЕИТ. Ова не е наш прв успех, напротив, она што ме прави посебно задоволен се континуираните резултати кои ги постигнуваме. Во последните пет години, ова е прво место по трет пат во екипна конкуренција и повеќе високи индивидуални пласмани. Успесите не се само на овој натпревар, студентската екипа на ФЕИТ го искористи здобиеното знаење од LabVIEW академијата за изработка на софтверска симулација за енергетска ефикасност во LabVIEW со која го освои првото место на интернационалниот инженерски натпревар ICAMES 2018 во Истанбул. Како професори од ФЕИТ имаме привилегија да работиме со одлични студенти кои докажуваат дека можат да се носат со најдобрите“,  вели професор д-р Живко Коколански.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии