Морам да признаам дека бев прилично скептичен околу целата замена на книгите направени од хартија со нивната дигитална форма која ни е достапна на различни таблети, паметни телефони и слично. Ако како мене се сомневате дека допирот на хартијата под вашите прсти е незаменлив кога читате, понекогаш мора да се потсетиме дека сепак квалитетот на текстот не зависи од квалитетот на хартијата.

Еден од поновите уреди кој ви овозможува читање на книги, списанија и весници, е Amazon Kindle . Покрај тоа што Kindle е достапен неколку месеци, ова сепак е моја прва средба со него и морам да признаам дека сум прилично импресиониран и од уредот, а уште повеќе од Amazon и нивната услуга. Уште во моментот кога вашиот Kindle ќе го напушти магацинот на Amazon, ќе добиете едноставни инструкции за уредот и едноставни инструкции за поврзување со Wi-Fi како и неколку линкови до нивната библиотека.

Amazon Kindle Wi-Fi 4th Generation 6” E-Ink 4 Wi-Fi

Ова е наједноставниот и најефтиниот уред кој е достапен но неговата функционалност за намената е импресивна. Kindle е малку потежок од 170 грама и тоа е сосема доволно за чувството кое го имате додека држите книга во раце. Големината на екранот е 12,5 х 9 cm со резолуциjа 800 х 600, а големината на целиот уред е малку помала од стандардната димензија за книгите. Екранот е E-Ink произведен од Epson и воопшто не ви ги заморува очите додека читате. Kindle има 7 копчиња од кои покрај стандардното 4-правци и селекција и по две копчиња за прелистување напред и назад додека читате. Останатите кочиња се за претходен екран, тастатура за внесување текст, мени и почетна страна.

Во менито се сместени неколку опции, помеѓу кои избор на големина на фонт, одбележување на делови од текст, пребарување на документот и купување на книга од Amazon. Покрај тоа што слободниот простор на Kindle е 2 GB по инсталирањето на неопходниот софтвер остануваат 1,3 GB за книги што е доволно за околу 3.000 книги, а останатите ќе ви бидат архивирани и зачувани во „облакот“  на Amazon. Ова истовремено е и бекап за сите книги кои сте ги купиле од Amazon.

Според Amazon батеријата на Kindle би требало да трае еден месец, што мора да се признае е долго време, а уредот се полни преку USB кабелот со кој го поврзувате со компјутерот. Текст формати кои Kindle ги поддржува се: txt, pdf, moby, doc, docx, prc и html префрлањето на овие документи можете да го направите преку USB кабелот без дополнителен софтвер.

Освен за читање, Kindle може да се користи и за разгледување на веб содржини. Сепак прелистувачот сè уште е во експериментална фаза, а за квалитетот на искуството не помага ниту црно-белиот екран.

Сето ва можеби ќе ве наведе да помислите дека можеби подобро ќе поминете со некој таблет отколку со Кindle, ова можеби е точно за останатите содржини меѓутоа Кindle доаѓа со огромната библиотека на Amazon, а и бројка на бесплатни книги која не е занемарлива. Ако сте скептични околу квалитетот на бесплатните книги можам да кажам дека помеѓу нив навистина има дела од непознати автори (ова серазбира не значи дека се лоши) но можете да најдете и бесплатни книги од Шекспир, Дикенс, Твен, но и многу, многу други. Иако книгите можете да ги купувате директно преку Кindle, сепак подобар избор е ова да го оставите за пред вашето PC, бидејќи бројот на книги е навистина огромен, а можете да одберете книгата веднаш да се префрли на Кindle.

Ако сакате да читате ова е според мене најдобриот уред на пазарот кој ова ви го овозможува лесно, а што е уште поважно доаѓа со огромна библиотека зад себе. Единствена забелешка е што за 20 долари повеќе можете да ја земете понапредната верзија која освен екран осетлив на допир има и опција за аудио, поголем „диск“ и батерија која битребало да трае подолго. Сепак ако уредот го употребувате единствено за читање ова е полн погодок.

5 коментари на “Прво искуство со Amazon Kindle 4

    1. Екранот на iPad не е наменет за читање книги особено не на сонце. Огромна е разликата од LED IPS
      до Е-Ink. iPad е тешко срање за читање, подолго од 1 час читање нема шанси да издржиш.

      1. Јас си читам на iPhone со саати :]
        Али дефинитивно e-ink displayот на kindle е kickass за читање :]

  1. 3,000 книги за 1.3 GB? Се сомневам, и ова го пишувам без пресметки затоа што едноставно ми звучи нереално. Сигурен сум дека многу зависи од форматот, но сепак…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии