Првите видеоигри на Netflix пристигаат во Полска

Дејан Соколоски

во Вести

Корисниците на Netflix во Полска веќе можат да тестираат како ќе изгледа иднината на платформата, откако ќе бидат додадени и видеоигрите. За почеток се достапни две видеоигри базирани на популарната серија Stranger Things: Stranger Things 3 и Stranger Things: 1984. Видеоигрите се достапни во Android апликацијата на Netflix.

Двете игри се излезени веќе неколку години. Stranger Things: 1984 излезе 1917, а Stranger Things 3 во 2019.

Според најавата, станува збор за рани тестови и Netflix има уште многу работа, но веќе знаеме дека нема да има реклами, плаќање во играта, а игрите се бесплатно достапни со Netflix претплата. Видеоигрите нема да бидат на паралелен систем, туку се појавуваат како нова категорија на платформата.

Netflix ги официјализираше видеоигрите на својата платформа во средината на јули со регрутирањето на поранешниот директор на Electronic Arts и Facebook, Мајк Верду. Плановите за додавање на видеоигрите во библиотеката се амбициозни и треба да се реализираат веќе следната година. Со оглед на тоа дека веќе се започнати тестовите, веројатно е прашање на време пред да бидат додадени и нови наслови, но и нови региони.

Веројатно следен наслов кој може да го очекуваме на Netflix е The Dark Crystal: Age of Resistance, но за ова сепак ќе треба да почекаме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии