Првите прототипови на Valve Steam Box ќе бидат достапни за 3-4 месеци

Првите примероци на конзолата на Valve, Steam Box ќе бидат испорачани на корисниците во следните три-четри месеци вели ко-основачот Гејб Њувел, со цел да се добијат повратни информации и критики за производот. Конзолата ќе ја добијат, најверојатно, луѓето кои соработувале во создавањето на конечниот производ, и можеби некои идни партнери со кои би соработувале, како на пример што се креаторите на игри.

Valve ќе се обиде да профитира од 50 милиони корисници кои веќе се присутни на Steam. Конзолата исто така треба да понуди подобро гејминг искуство од дасегашното со конзолите. Но, конзолата сè уште има проблеми со прегревање и со шумот кои треба да бидат поправени во следните месеци.

„Во моментот постојат проблеми со бучавата и загревањето, па со решавање на тие проблеми, ќе ни остане уште да понудиме доволно јако играчко искуство, што е вистински предизвик во реализацијата на Steam Box-от.“, вели г. ЊуВел за BBC.

Vavle најавува дека ќе воведе нови сензори во контролерот. „Ако ја погледнете Left For Dead – играта се обидува да ви наметне чувство на хорор филм – ако не го промените искуството на играчите и тоа што тие го чувствуваат тогаш играта не ја исполнила својата цел.“, вели г. Њувел објаснувајќи ја потребата од сензори кои ќе ја измерат „состојбата“ на гејмерите. Поточно ова е еден од последните проблеми кој го имаат, изборот на контролер кој ќе може да го измери колку е возбуден играчот преку пулсот или брзината на дишењето.

Цената на конзолата е сè уште еф без најава, но со оглед на тоа дека слично како Amazon, Steam е најпрво продавница, нема да биде преголемо изненадување доколку конзолата доаѓа за најниската можна цена а Valve би можел подоцна да профитира од продадените игри. За жал ако се надевавте на новости за Portal или Half Life 3 г.Њувел не одговори на прашањата за продолженија на овие суперпопуларни наслови.

[youtube]vgyj2in8kbE[/youtube]

1 коментар на “Првите прототипови на Valve Steam Box ќе бидат достапни за 3-4 месеци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии