Sony e една од првите компании кои кога сватија дека иднината е во преносните компјутери веднаш започнаа да работат на свој уред. Паметниот часовник Sony SmartWatch е еден од првите на пазарот, а неговата надградба SmartWatch 2 е многу подобар од претходникот. Новата верзија на часовникот позајмува голем дел од дизајнот од телефоните на Sony, пред се од Sony Xperia Z. Часовникот доаѓа со 1,6-инчен дисплеј со 200х176 резолуција. Според големината не се разликува премногу од класичните часовници, што го прави далеку покомфорен во споредба со Samsung Galaxy Gear на пример.
Со Smartwatch 2, Sony не само што го копира изгледот на своите телeфони, туку и оперативниот систем е своевидна копија на Android. За жал не е Android, па усогласувањето на телефонот и часовникот преку Smart Connect може да биде долг и мачен процес. Smartwatch 2 има ексклузивна поддршка за Android телефоните, што можеби е и разбирливо со оглед на тоа дека овој оперативен систем е избор на компанијата. Гестикулирањето и командите се исти со Android, а апликациите наликуваат на Android верзиите.
[youtube]aKM-vvwkDIw[/youtube]
Најголеми предности на часовникот се што екранот е постојан вклучен, часовникот изгледа многу подобро од претходникот, се полни преку microUSB и батеријата трае долг период. Сепак лошата резолуција, лошиот интерфејс, доцнењето, како и изборот на Android како единствен оперативен систем со кој комуницира часовникот прави Verge да го смести во просечните уреди.