Првиот таблет компјутер на Google ќе се појави во јули

За таблет компјутерот на Google се знае уште од декември, кога Ерик Шмит го најави. Знаевме и дека Goolge сака да го продава уредот директно преку своја веб продавница. Сега дознаваме дека тој таблет компјутер ќе започне да се продава во јули.

Таблет компјутерот бил потговтвен за продажба уште во мај, велат извори блиски до компанијата за Verge, но Google се предомисли и го повлече уредот за да го досреди дизајнот и да обезбеди помала цена од 250 долари, можеби под 200-те долари потребни за 7-инчен Amazon Kindle Fire. Втора пртпоставка за одложувањето е дека Google ќе чека до јули за да биде готова нова верзија на Android оперативниот систем.

Уредот на Google ќе биде изработен во соработка со тајванскиот Asus и ќе има 7-инчен екран со Nvidia Tegra 3 процесор од четири јадра и ќе има поддршка само за Wi-Fi конекција. Ќе работи на Android 4.0 Ice Cream Sandwich.

Verge исто така пишува за шпекулациите кои кружат дека Apple подготвува помал 7-инчен iPad, па можно е Google да сака да има конкурентен таблет по квалитет и цена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии