Првиoт рачно изработен дрвен маус од македонскиот дизајнер MightyCreation

MightyJewelry e студио за рачна изработка на накит од Скопје. Зад MightyJewelry стои креативецот Александар Пешевски – MightyCreation, кој покрај изработката на накит, работи и како графички дизајнер.

Овој пат од MightyJewelry има нешто сосема поинакво, рачно изработен дрвен маус. Ја имавме можноста да го видиме маусот и да ѕирнеме во работилницата на Александар додека траеше процесот на изработка.


Доколку мислите дека ги имате потребните вештини и алатки, може следните упатства ќе ви помогнат во изработка :)

Се одбира суво парче дрво, по можност орев, поради составот на дрвото и убавината на годовите.


Се исцртува формата од горната страна на парчето и едната страна.


По истата форма се сече парчето на бонсек. Тука се вади долно и горно парче каде би биле кликовите и отворот за тркалцето на маусот.


Се отстранува внатрешноста, внимателно испланирана да ја собере оптиката и батериите.


Со должината на засекот се регулира еластичноста на кликовите.


Се проверува формата и дали сите парчиња лежат едно врз друго без остапка на годовите на дрвото.


Се премерува и позиционира оптиката.


Овој дел е од особено значење за функционалноста на маусот.


Се комплетираат сите елементи за нови премерувања.


Се затвораат сите делови за да се направи проверка дали се компатибилни за понатамошна работа.

Времето на изработка на овој маус е отприлика 3 дена.

Disclaimer: Aлександар Пешевски е дел од тимот нa IWM network.

2 коментари на “Првиoт рачно изработен дрвен маус од македонскиот дизајнер MightyCreation

  1. https://www.youtube.com/watch?v=afjTdLpiggw

    Nisto novo, ukradena ideja so koja makedonce moze da se pofali deka izmislilo topla voda. Po nikoja mera ova ne e PRVIOT maus izraboten od drvo. Nemam nisto protiv dizajnerot sto go izrabotil mausot koj zasluzuva poeni za trud i preciznost no ne i originalnost. No dali kopirana ideja vredi da se objavuva kako statija na blog sto spored mene bi trebalo da vazi za seriozen avtoritet i izvor na informacii od poleto na it tehnologija? PRVIOT???

    1. Анонимен читателу,

      Ти благодариме за пофалбите дека сме авторитет и извор на информации од полето на ИТ технологијата.

      За критиката, ни на далеку не викаме дека ова е првиот дрвен маус во светот, туку е првиот дрвен маус изработен од овој дизајнер. Така да, нема потреба за хејтање.

      Се работи за локален талент кој искористува уметност, вештина за да прилагоди парче технологија – за нас, тоа е вредно за споделување, бидејќи целта на IT.mk е поддршка, промоција и едукација на македонскиот ИТ потенцијал.

      Ти благодариме што си наш прв читател што искоментира на темава. (претходно напишаново не те прави ПРВ читател на IT.mk, нели?)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии