Првиот лаптоп со Nvidia RTX 2080 доаѓа од Samsung

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Samsung

Nvidia не толку одамна ги претстави графичките картички од 2xxx серијата. Компанијата речиси и да не ги најавила верзиите за мобилни компјутери, а веќе се појави првиот компјутер со супер моќната RTX 2080 графичка картичка. Samsung ќе се обиде да ја оживее својата серија на гејминг лаптопи Notebook Odyssey со новата картичка.

Судејќи по хардверот станува збор за моќна машина. Компјутерот доаѓа со Intel Core i7 процесор, 16 GB RAM, 256 GB SSD диск и 1 TB хард-диск. Новите графички картички доаѓаат со „ray-tracing“ технологија. Ова го оптоварува и процесорот, па потребен и помоќен обичен процесор. i7-процесорот кој доаѓа во Odyssey e 6-јадрен. Ова е доволно за на 15,6-инчниот FHD екран да испорача „мазна“ работа на 144Hz.

Веројатно најголемиот проблем на гејминг лаптопите е тежината, а ова е случај и со Notebook Odyssey. Лаптопот тежи 2,4 кг што не е премногу, но секако не е најлесно преносливиот уред. Лаптопот би требало да биде достапен во САД на почетокот на оваа година.

Ако не ве импресионира овој лаптоп секако може да почекате, RTX 2080 наскоро доаѓа и на 40 други модели.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии