Првиот град во Македонија покриен со 5G во 2021, до 2027 – 50% од интернетот ќе биде 100Mbps и целосна покриеност со 5G

Владата на седницата одржана на 2 април го усвои Националниот оперативен бродбенд план (НОБП). Станува збор за законска рамка која треба да го олесни усогласувањето на македонскиот закон со законите во Европската Унија.

Носењето на Националниот оперативен бродбенд план е дел од европските стратешки цели Digital Agenda for Europe и Gigabit Society. Првата иницијатива треба да помогне со креирање на нови работни места и промоција на економски просперитет, но и на различни начини да го подобри секојдневниот живот на граѓаните. Gigabit Society е чекор во иста насока и претставува сет на мерки кои треба да овозможат најдобра можна интернет врска за сите корисници. Digital Agenda for Europe треба да се оствари до 2020 година, а планот на Gigabit Society ќе се реализира до 2025 година.

Клучни за овој план на Македнската влада се неколку цели кои треба да се исполнат во следните 10 години:

  • До крајот на 2021 година најмалку еден голем град (Скопје, Битола, Тетово, Куманово или Прилеп), да биде покриен со 5G сигнал.
  • До крајот на 2025 година автопатите и магистралните патишта во државата утврдени од страна на Агенцијата, да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.
  • До крајот на 2027 година најмалку 50% од вкупниот број на претплатнички договори на домаќинствата во цела држава, да бидат за пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.
  • До крајот на 2027 година сите урбани средини да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.
  • До крајот на 2029 година секој да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.
  • До крајот на 2029 година сите домаќинства во РМ по прифатлива цена да имаат можност за пристап до мрежа која овозможува брзина за download од најмалку 100 Mbs со можност за надградба на гигабитна брзина;
  • До крајот на 2029 година, сите јавни институции (училишта, универзитети, истражувачки центри и други образовни институции, здраствени установи, министерства, судови, локални самоуправи и други
    државни органи и тела,), да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1Gb/s.

За ова владата мерките се поделени во 4 столба:

  • Користење на државна помош;
  • Дополнителни мерки за поттикнување на користење на пристап до ултра брз интернет;
  • Подобрување на законска рамка и регулација;
  • План за воведување и развој на 5G.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии