GameFounders е првиот стартап акцелератор кој ќе им помага на компаниите кои започнуваат со развој на видео игри. Акцелераторот е eстонски, но може да аплицираат компании од било која држава доколку се спремни да се преселат во Талин. Компанијата веќе ги прими првите 10 стартапи, но веќе е започнато апплицирање за вториот круг.
За 9 отсто од акциите на компанијата, компаниите добиваат 5000 евра за секој основач присутен во Естонија, до максимални 15.000 евра. Контакт со над 70 гејминг-гуруа, во рок од траење на 3 месеци канцеларии во Талин, пристап до мрежа со гејминг контакти, инвестициски фондови, ризични-фондови за почетен капитал и ангели-инвеститори.
GameFounders нема да помагаат единствено стартапи кои работат на видео игри, може да аплицираат и компании кој прават забавни апликации, гејминг платформи, алатки, но и сите останати продукти поврзани со гејминиг. Сепак компанијата препорачува дека најверојатно за почеток ќе имаат предност проектите за паметни телефони.
Првите апликанти се веќе примени, а од сега можете да аплицирате за втората група.