Првиот 5G iPhone пристига во 2020 година

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Првиот iPhone кој ќе доаѓа со поддршка за 5G мрежа ќе се појави за 2 години, велат извори за Fast Company.

Она што е непознато е која компанија ќе биде производител на 5G модемот. Apple има договор со Intel, но компанијата е незадоволна од перформансите на чипот. Најголемиот проблем е со прегревањето кое го прави 8060 чипот.

Добра вест за Apple е дека Intel работи и на следната генерација на модем 8061. Лоша вест е дека нема гаранција дека чипот ќе биде подготвен за првиот 5G iPhone.

Apple можеби би размислил и за договор со Qualcomm, но двете компании се во лоши односи, поради скорешните тужби. Тука е и проблемот кој и Qualcomm го има со модемот кој има проблем со загревање кај дел од производителите кои тестираат.

Загревањето е и товар на батеријата, бидејќи енергијата не е искористена.

Причината за загревање е спектарот на кој зрачат антените. Загревањето е толкав проблем што се чувствува и на надворешноста на телефонот.

Apple е во преговори и со MediaTek, што е прилично далечен план Б, вели изворот на Fast Company.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии