Први слики од Google-овиот мобилен телефон Nexus One

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage} Подолго време се знае дека Google работи на свој мобилен телефон, но не се знаеше многу за уредот се до изминатиов викенд кога Google поклони по некој телефон на своите работници како подарок за Божиќните празници. Вработените не смеат да зборуваат за телефонот, за спецификациите и за деталите, но им e дозволено да го покажуваат на пријателите.

Не треба да се изненадиме што многу бргу на интернет се појави првата слика.

{mosimage}

Подоцна се појавија и други слики, како и ова од Engadget.

{mosimage}

Во моментот се уште е шпекулација и не можам да бидам сигурен дека се работи за вистински слики бидејќи Google одбива да коментира. Но, Google потврди дека тестира мобилен телефон заедно со своите вработени, а Еngadget откри дека американската Федерална комисија одобрила мобилен телефон со име Nexus Оne, кој ќе биде изработен од HTC.

Најверојатно, Google ќе го продава телефонот онлајн.

Надополнето:
Повеќе слики можат да се најдат на theUnlockr.com.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии