Први рецензии на Google Pixel: Заборавете на iPhone купете го овој телефон

Конечно пристигнаа и првите телефони од Google. Квалитетот на телефонот не е изненадување, но прогласувањето на телефонот за најдобар и препораката за Pixel наместо iPhone, секако е…

„Кога некој ми бара препорака за телефон, без двоумење му велам купи iPhone. Google Pixel го промени ова. Доаѓа со изглед и квалитет на iPhone, но со навистина фантастична камера и куп иновативен софтвер и услуги. Го променив одговорот на прашањето: Кој телефон да го купам? Треба да земеш Pixel.“, вели Дејвид Пирс од Wired.

Pixel и Pixel XL се производ по одлуката на Google да ги замени Nexus телефоните. Причината за овој потег засега не е потполна јасна. Дали компанијата сака доминација на пазарот на Android телефони? Дали Google сака да покаже како треба да изгледа еден Android телефон па оди по концептот „ако сакаш нешто направено добро, направи го сам“? Можеби мораа да го направат ова за да ја презентираат платформата за виртуелна реалност или да и стави крај на фрагментацијата? Сепак без разлика на причината, новите уреди доаѓаат со најдобриот хардвер кој е достапен, супербрза верзија на Android, а го поправаат и најголемиот недостаток на Nexus телефоните, послабата камера.

 

pixel-android-central

Image: Android Central http://www.androidcentral.com/google-pixel

Телефонот доаѓа со хардвер идентичен со останатите телефони од висока класа. Речиси ниту еден од најлуксузните телефони не се разликува по спецификациите. Можеби малку повеќе меморија или слободен простор, но остатокот е речиси идентичен. Разлика има во изработката, Pixel е со алуминиумско тело, а задната страна е покриена со стакло. На задната страна е читачот на отпечатоци кој работи беспрекорно. Телефонот доаѓа со 1920х1080 5-инчен или 2560х1440 5.5-инчен OLED екран. Процесорот е Snapdragon 821; меморијата е 4GB, а слободниот простор над 32 GB.

„Екраните на Pixel се голем исчекор во однос на претодната генерација, блиску се до екраните кои Samsung ги користи во последната генерација на своите уреди. Дури ни под светлото кинеско сонце немав проблем со користење на Pixel XL надвор.“, цели Даниел Бадер од AndroidCentral.

Вистинското прашање е дали Google смета дека со интеграцијата на хардверот и софтверот ќе му овозможи простор за креирање на подобри уреди. Ова не е добра вест за останатите прозводители, но прашањето е што прави Google со ова и дали новиот уред е подобар од конкурентите. Се чини дека сите се сложуваат дека одоворот е да, и дека  Pixel е најдобриот Android телефон.

google-pixel

Она што секако го разликува Pixel од останатите Android уреди сепак не е хардверот туку софтверот. Pixel е единствениот телефон кој доаѓа со Google Assistant, и ова ќе продолжи подолг период. Целиот телефон се чини дека е напор компанијата да го освои пазарот на вештачката интелигенција, а Pixel и Pixel XL се само платформа која го пренесува Google Assistant. Alexa и Siri се паметни, но асистентот на Google е во друга класа, иако најголем дел од медиумите се слагаат дека засега е фукционалност на која треба да се работи.

Активирањето на асистентот е преку притискање на „home“-копчето или преку „OK Google“ фразата. Асистентот одлично ги разбира зборовите и одлично ги претвора во текст кој потоа го користи за пребарување. Импресивно е што асистентот нема проблем со шумовите и звуците во околината, дури и кога интернет брзината е прoблем препознавањето не е.

„Дали асистентот е добар? Едноставниот одговор е – да. Сепак, посложениот одговор е дека некогаш ќе ве изненади со комплексните прашања кои може да ги одговори, но некогаш ќе се зачудите зошто не може да одговори едноставно прашање.“, вели Verge.

Google сè уште работи на асистентот, а се чини дека е потребно време за се да биде „исполирано“. Така асистентот е доволно паметен за да може да ги одговори прашањата, но не и за да заврши акција за некој од нив. Google Assistant може да промени дел од нагодувањата на телефонот. Да го промени осветлувањето на екранот, да се јави на контакт, да испрати текст или да ги вклучи вестите.

„Асистентот ја збриша конкурецијата. Ја збриша Siri иако има предност од пет години. Не само што ги заврши сите задачи доверливо – како стартување на апликации или креирање на забелешки или пуштање музика – туку разбира најголем дел од општите прашања кои ги поставував. Уште поимпресивно ја помни започнатата тема, па не морав да ја повторувам за секое прашање.“, вели Валт Мосберг за Recode.

Еден од главните недостатоци на претходните Nexus телефони е што камерата нема споредливи карактеристики со конкурентите. Овој пат телефонот има камера која може да се спореди со Samsung Galaxy и iPhone 7. Пристапот е поблизок до камерите на останатите Android производители.

„Единствена разлика помеѓу оваа камера и онаа на iPhone е пристапот кон извршувањето. Apple одбра верна презентација на сликите и светлото дури и во здодевно светло. Pixel како и останатите Android уреди создава малку посветли слики, малку поживи бои. HDR процесирањето го гледате додека се случува ако сликите ги отворите веднаш по сликањето.“

Pixel не е евтин уред. Според цената негови конкуренти се iPhone, Galaxy, Note и останатите скапи уреди. Со оглед на незгодите на Samsung,  Google можеби ќе успее да им одземе дел од корисниците. Сепак можеби вистинското прашање е дали Pixel ќе ги убеди корисниците на iPhone да го променат својот уред. Не станува збор единствено за цената на телефонот, туку и за апликациите кои дел од корисниците ги купувале речиси цела деценија. Дополнително најголем дел на корисниците се навикнати на iPhone, а овој телефон претставува и статусен симбол.

„Шегата која сите ја правеа на Twitter кога Google го претстави Pixel, дека Google направи iPhone е вистина. Но ова е токму iPhone со Android кој го чекав .“ – Wired.

За жал, не може да бидат сите вести добри. Pixel телефоните имаат еден огромен недостаток, цената. Google уште со Nexus 5 ја заврши праксата за евтини Android уреди, но новиот телефон е во сосем различна ценовна категорија. Google Assistant е сè уште во рана фаза, иако без сомневање ќе биде подобар со време. Што се однесува на изработката забелешката е дека стакло на задната страна не е добар избор, и дека брзо корисниците ќе имаат изгребан телефон. Втората забелшека на изработката е недостатокот на заштита од вода. Конечно Verge забележува дека екранот на едниот од уредите напукнал од многу мал пад.

„Прашањето дали паметен телфон треба да чини помеѓу 700 и 1000 долари во 2016 е отворена дебата. Но ако некој телефон вреди за оваа сума тогаш тоа е Pixel.“, констатира Androidcentral.

1 коментар на “Први рецензии на Google Pixel: Заборавете на iPhone купете го овој телефон

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии