Први осврти за очилата на Snap: „Сериозно забавни“

Минатата недела Snapchat започна да ги продава своите очила. Очекувано веќе може да ги прочитаме првите прегледи за очилата.

„Spectacles се можеби најдобриот уред кои сум користел во последно време.“, вели Метју Панцарино од TechCrunch.

Очилата се најверојатно најчудниот хардвер досега. За луѓето кои не ја користат платформата се бескорисни, а за корисниците на Snap супер забавни. За префрлање на видеата од очилата е неопходна апликацијата, каде може и да се прегледаат видеата.

Image: TechCrunch

Image: TechCrunch

Spectacles доаѓаат во три бои: розева, сина и црна. Сите делови во пакувањето, од кутијата до крпчето за бришење во форма на препознатливиот дух, потсетуваат на платформата. Дури и самиот апарат од кој излегуваат очилата e огромен минион,  кој наликува на логото на Snap.

Разликата со обичните очила е во камерата која е сместена во нив. Snap имаат препознатливи кругови во надворешните агли на очилата. Во едниот е сместена камерата, а во другиот е индикаторот дека камерата е вклучена. Копчето за почеток на снимање е поставено веднаш над индикаторот. Сo првото притискање се снима 10 секундно видео, а второто и третото притискање, го продолжуваат траењето на 20, па на 30 секунди.

Видеата кои ги снимаат очилата не се во стандарден формат, туку се кружни. Ова овозможува некаква проширена реланост, па корисникот кој го гледа видеото снимено со Spectacles со вретење на телефонот има малку поголем преглед на околината.

За жал не е сѐ идеално. Префрлањето на видеата од очилата на телефонот, е бавно. Ова е поголем проблем при префрлањето на видеа преку Bluetooth. Откако ќе се префрли видеото може да се менува во апликацијата и да се креираат „приказни“.

„Како е да се снимаат и да се прегледуваат видеа со Snap? Тоа е одличната вест: Двете се неверојатно забавни, и ќе стануваат уште позабавни кога ќе има уште повеќе корисници кои ги користат, но и кога повеќе корисници ќе научат како треба да ги користат.“, вели Брајан Бишоп за Verge.

1 коментар на “Први осврти за очилата на Snap: „Сериозно забавни“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии