Први неофицијални бенчмарк тестови на RTX 2060

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Официјално нема најава за RTX 2060 верзија на графичките картички од Nvidia, но веќе се појавија првите бенчмарк тестови. Тестовите се дел од бенчмаркот за Final Fantasy XV.

За разлика од претходникот по првите тестови се чини дека RTX 2060 ќе биде 4К графичка картичка. Презентираните тестови се направени на 3849 х 2160 резолуција и висок квалитет. Според овие резултати Nvidia GeForce RTX 2060 освои 2 589 поени. Тоа се 30 отсто подобри перформанси од претходната генерација.

На скалата RTX 2060 е подобра од AMD Radeon RX 590 и претходникот Nvidia GeForce GTX 1060 6GB, но е зад Nvidia GeForce GTX 1070 и AMD Radeon RX Vega.

Ова е втора графичка која се појавува на бенчмарк тестовите на Final Fantasy XV пред да биде најавена. Претходно тоа беше случај и со Radeon RX 590, јави Tom’s Hardware.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии