Првата верзија на Steam OS е достапна за симнување за Linux

Нешто порано од најавите Valve ја издаде првата бета верзија на оперативниот систем Steam OS, засега со прилично ригорозни софтвер побарувања и препорака дека е наменет за корисници со одлични познавања на Linux оперативниот систем. За сите останати Valve препорачува да почекаат до 2014 година кога ќе биде достапна финална верзија на Steam OS.

„Станува збор за прва верзија, многу работи се менуваат, очекувајте груб-незавршен продукт. Во овој момент Steam OS не е продукт наменет за технички неподготвени корисници… Уште поважно поддржува определен склоп на хардвер. Ние напорно работиме да ја прошириме оваа листа.“, стои во известувањето на Valve.

Steam OS е базира на Debian Linux и тоа на верзијата 7.1, засега поддржани се единствено Nvidia графичките картички, а поддршка за AMD и Intel доаѓа наскоро. Поддржаниот хардвер е Intel или AMD 64-битен процесор, 4GB RAM меморија, 500 GB простор на хард дискот, Nvidia графичка картичка, UEFI boot – поддршка и USB порта. Доколку сметате дека сте доволно подготвени да го пробате Steam OS, тогаш неговата верзија можете да ја превземете од официјалната страна или од неофицијалниот торент линк. Valve издаде и FAQ, Steam OS страна која треба да им помогне на сите заинтересирани ентузијасти да го прифатат оперативниот систем од самиот почеток.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии