Првата олимпијада за киборзи ќе се одржи на 8. октомври во Цирих

По Олимписките и Параолимпискиоте игри во Рио, следниот месец ќе се одржи и првата киборг олимпијада. На настанот ќе учествуваат луѓе со егзоскелет, електронски раце, инвалидски колички со сопствен погон и друга асистивна технологија. Натпреварите во Cybathlon ќе се одржат во близина на Цирих на 8 октомври.

На натпреварите ќе учествуваат 50 тимови кои ќе се натпреваруваат во различни дисциплини. Дел од натпреварите се од секојдневието како: сечење леб; качување по скали; или вадење на алишта од машина за перење.

„Луѓето не знаат за прoблемите кои ги имаат во секојдневието луѓето со хендикеп или физичка слабост. Кибатлонот ќе го претстави најдоброто од технологијата за протетика, која ќе нѐ направи да бидеме понезависни и продуктивни.“, вели Кевин Евисон, еден од учесниците во натпреварите.

Натпреварите се организирани во шест дисциплини. Логично дисциплините се малку пошироки отколку на Олимпијадата. Категориите се: натпревар со вештачка нога; натпревар со вештачка рака; натпревар со управување со мозочни бранови; трка со егзоскелет; трка со количка; и „велосипедска“ трка.

Натпреварите се многу повеќе од трка, и покрај вештината важни се и прецизноста, спретноста и агилноста. На пример, дел од натпреварите на електорнска рака ќе бидат трка со носење на топки, тест на умешност и натпревар кој е најблиску до простирање на веш.

Еден од најинтересните натпревари е трката во управување со мозочни бранови, во која учесниците и уредот се натпреваруваат во видеоигри кои се управуваат со мозочни бранови. Капа со електроди ги чита брановите и ги испраќа командите до играта, учесникот треба да помине повеќе предизвици во играта, а победникот треба прв да го помине финишот.

Идејата за организирање на овие натпревари е на професорот Роберт Рајнер од Универзитетот Цирих. Учесниците во натпреварите немаат никакви ограничувања. Целта е да се погледне како технологијата може да им помогне на луѓето со хендикеп, јави BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии