Првата компанија која испорачува со дронови е во Руанда

во Вести, Свет

Zipline од Руанда е прва компанија која започнува редовна испорака на производи со дронови. Станува збор за американски стартап во кој работат инженери од Space X, Google и Lockheed Martin. Во прво време ќе се испорачува крв, плазма, коагуланти и слични материјали во болниците.

По тестовите на Amazon во САД и Британија и AliBaba во Кина можеби е изненадување што првиот сервис е во Руанда. Сепак со оглед на теренот и инфраструктурата во оваа африканска држава, ова можеби и не треба да не изненади. Технологијата ќе овозможи во иднина пратките да пристигнат многу побрзо отколку по пат, јави BBC. Стартапот проценува дека времето потребно за испорака ќе се скуси од часови на минути.

За разлика од останатите летала кои се користеа за испорака, и стануваше збор за квад-коптери и слични летала, во овој случај станува збор за поинакво решение. Леталото се катапултира и продолжува да лета под 150 метри за да не им пречи на авионите. Може да испорача пакети на растојание до 150 километри, иако теоретски може да помине двапати повеќе. Брзината со која летаат леталата е 30 km/h, а пратките се испуштаат со падобран. Лоцирањето и навигацијата е преку GPS.

Она што е најважно е дека со оваа испорака не се зголемува цената. Цената на испораката со Zipline е приближна со цената на испорака со мотор или камион. Стартапот започнува со 15 летала кои можат да испорачуваат и при послаб дожд, но и со ветар со максимална брзина од 30 km/h.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk