Прва Star Wars игра со проширена реалност

Ова е класична игра со пукање во прво лице, каде играчот во улога на Лук Скајвокер со познатиот Millenium Falcon уништува летала од Star Wars галаксијата. Тоа што ја прави возбудлива е што играта ја користи камерата на мобилниот телефон, жироскоп/компас и акцелерометарот, за да ви генерира позадина од реалноста претварајќи ја во место за вселенска битка.

Тоа значи дека можете да ја уништувате Star Wars леталици во вашата спална соба или во парк, или на кров на зграда, или во автобус…

Постои и нормална верзија со 3D графика дизајнирана за да го искористи Retina екранот на iPhone 4, но тоа не е веќе интересно нели?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии