Прва казна за Facebook поврзана со Cambridge Analytica

Британските власти ја казнија друштвената мрежа 664 000 долари. Казната доаѓа поради пропустите на Facebook со кои и овозможи на Cambridge Analytica да дојде до податоците на корисниците.

Прелиминарната казна можеби изгледа ниска, но тоа е максимумот кој можеше да биде изречен. Канцеларијата на Комесарот за информации продолжува да истражува и следното јавно обраќање ќе биде за неколку месеци, во октомври. Во зависност од тоа што ќе биде откриено можна е и промена на казната.

Најголемата друштвена мрежа можеше да избегне дел од проблемите ако во 2015 година провереше дали Cambridge Analytica навистина ги избришале податоците. Наместо тоа, друштвената мрежа им веруваше дека податоците се избришани. Секако дотогаш штетата веќе беше направена. Cambridge Analytica имала доволно податоци за да ги креира своите алгоритми, и да овозможат да дојдат фокусирано до голем дел од корисниците.

Истражувањето во Британија е фокусирано на над 172 компании и 285 индивидуалци, вели Washington Post. Со тоа обемот на истрагата е далеку поширок од Facebook.

Што се однесува до Cambridge Analytica, Британија се сомнева дека компанијата овозможила странско влијание во референдумот за излез од Унијата. Секако дури и да е точно ова, ќе биде тешко и да се утврди, а и да се докаже.

Ова е симболична казна, но наскоро би можеле да се трупаат слични, а и повисоки казни од други држави. Секако ова ќе дојде и до Европската Унија која претходно ја има казнето друштвената мрежа 122 милиони долари. Оваа казна е поради неправилности при купувањето на WhatsApp. Претставниците на Facebook, во 2014 година тврделе дека не може да се спојуваат податоците од двете платформи, а тоа покасно се покажа како неточно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии