Прва испорака на автономниот камион Otto – 45.000 лименки Budweiser пиво

Стартапот Otto кој за 700 милиони US долари во август стана дел од Uber, ја заврши својата прва испорака. Автономен камион на компанијата возеше со просечна брзина од 90 километри на час, а камионот возеше од Форт Колинс до Колоардо Спрингс во САД.

Растојанието помеѓу овие градови е околу 200 километри. Во текот на целото возење во камионот заради избегнување несреќи беше присутен и професионалниот возач Волт Мартин.

„Технологијата е подготвена за овие комерцијални автономни возила. Следните години ќе продолжиме да ја развиваме технологијата за да може да одговори на сѐ што ќе излезе на патот.“, вели ко-основачот на Otto, Лиот Рон за Wired.

Камионите на компанијата се способни за четврто ниво на автономија. Иако возачот мора да биде присутен во камионот, сепак на автопат, возилото има целосна контрола. Ова важи за возењето на автопат, сепак кога е во прашање возењето во населено место возачот има потполна контрола.

Технологијата на компанијата барем засега нема да ги замени возачите, но ова секако не е загарантирано за иднината. Автономните камиони на автопатот немаат премногу сложена функционалност. Камионот ги следи возилата пред себе, не забрзува да ги помине, дури не ни менува лента доколку не мора. Недостатокот на постојани минувања на пешаци на автопати, прави автономните камиони на Otto да бидат поедноставни за создавање од автономните возила.

Претпоставките кога Uber го купи Otto беа дека дека им е потребна технологијата. Сега изгледа дека стартапот е вносен бизнис. Се разбира Uber и Otto не се единствените компании кои сакаат да го освојат овој пазар.

Веројатноста дека автономите камиони ќе бидат присутни на патиштата пред автомобилите е голема. Најголем дел од превозот во САД се прави со камиони, па интересот е огромен.

1 коментар на “Прва испорака на автономниот камион Otto – 45.000 лименки Budweiser пиво

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии