Прва достава на поштенска пратка со дрон во Хрватска

Едвај пред неколку години Amazon излезе со патент во кој за првпат спомнаа достава со дронови. Сега не само што технологијата е во фаза во која може да се употребува, туку и доставата со дрон полека престанува да биде вест. Исклучок секако се првите достави со дрон во регионот, а минатиот месец првата поштенска пратка со дрон ја испорача Хрватската пошта.

Станува збор за писмо кое е испорачано во Прекa на островот Угљан во близина на Задар. Леталото полета од пристаништето Гаженица и по 12 минути и 35 поминати километри писмото стигна да примачот.

Ова е прва ваква пратка, но во Хрватската пошта веќе размислуваат за идните примени на дроновите. Потенцијални пратки за испорака во иднина се лекови и противотров, а со овој пилот-проект поштата се надева дека ќе изнајде и комерцијално решеније, пишува Danica.hr.

Други кул испораки со дрон

Испораката со дрон во Хрватска е првата поинтересна пратка во регионот, но е далеку од прва и најинтересна глобално.

Од првите примени на дроновите за испорака може да заклучиме каде ќе бидат првите комерцијални примени. Рурални области на поголемо растојание од патот и испораки на лекови на локации на кои се непристапни, а доставата е итно потребна.

Во 2015 Flirtey ја направи првата испорака со дрон во САД. Компанијата успеа да добие дозвола од Федералната агенција за авиосообраќај. Летот беше само тест и доказ дека технологијата функционира и во иднина ќе може да се користи. Компанијата достави три пратки до клинички центар во Вирџинија.

Во Кина првите тест достави со дрон започнаа 2016. Кинескиот гигант JD тестираше испорака во руралните делови на Кина во околина на Сукиан. Компанијата не доставуваше до крајни корисници туку ги користеше дроновите за достава од главните магацини до магацините во руралните области. Очекувано за овие тестови беа користени поробусни дронови кои можат да пренесат товар тежок до 15 килограми.

Zipline е првата компанија која започна со редовна испорака со беспилотни летала. Она што е мало изненадување е дека станува збор за компанија која работи во Руанда. Во овој случај токму потребата е главен задвижувач за иновација. Инфраструктурата во Руанда е таква што оваа испорака е едно побрза, а второ и поевтина. Со овој начин на достава процената е дека времето на патување се скусува неколкукратно.

Конечно минатата година официјално започна да работи и Wing, сервисот за достава со дронови на Google. Компанијата цела година ги тестираа леталата, а еден дел од времето и поминаа чекајќи на дозвола за летови за комерцијална платформа.

Она што е јасно е дека ако пред неколку години технологијата беше главна пречка за овие достави, тоа повеќе не е случај. Сега е проблем да се надминат проблемите кои овие дронови може да ги предизвикаат со комерцијалните летови и секако да се изработи законска рамка која треба да овозможи сигурна и безбедна достава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии