Прв трејлер од Steve Jobs, игран од Мајкл Фасбендер

Првиот трејлер за филмот Стив Џобс покажува што може да очекуваме во октомври, за кога е најавена премиерата. За разлика од претходникот во кој главна улога имаше Аштон Кучер, се чини дека Мајкл Фасбендер е далеку подобар избор и барем според трејлерот филомот далеку подобро го доловува основачот на Apple кој е несомнено е еден од највлијателните луѓе во ИТ индустријата, и еден од најзаслужните за успехот и спасот на компанијата.

Сценариото на Стив Џобс доаѓа од Арон Соркин, кој го напиша и The Social Network, Moneyball и A Few Good Man. Филмот ќе биде поделен на три дела во кој ќе бидат презентирани периодите во кои г.Џобс работи на Macintosh, NeXT и iMac. Режисер е Дени Бојл кој работеше на оскаровецот Slumdog Millionaire, а покрај Мајкл Фасбендер во филмот играат и Сет Роген во улога на Стив Вознијак, Кејт Винслет како Џоана Хофман и Џеф Даниелс кои го игра Џон Скали. Филмот Стив Џобс својата премиера ќе ја има на 9 октомври, и барем засега ветува дека ќе биде подобар од својот претходник Џобс во кој улогата на Стив Џобс ја имаше Аштон Кучер.

2 коментари на “Прв трејлер од Steve Jobs, игран од Мајкл Фасбендер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии