Прв српски електричен автомобил

Автомото сојузот на Србија го претстави првото целосно електрично возило, кое според најавите е дури 10 пати поекономично од автомобилите кои моментално се возат на улиците на Србија.

Батеријата на автомобилот е со доволен капацитет за возачите да поминат 150 километри со возилото пред да има потреба од повторно полнење.

„Ние ова го направивме како експеримент, но немаме ништо против да започнеме и со производство“, вели Милан Божиќ за Танјуг.

Што се однесува до автомобилот, станува збор за модифицирано Fiat Punto од кое креаторите ги извадиле сите делови, за потоа да ги заменат со потребните елементи за електричен погон. Моторот кој е инсталиран е од словенско производство и е со моќност од 40 киловати, а замената на деловите не ја промени тежината на автомобилот.

Максималниот момент кој го развива новиот електричен автомобил е 140 Nm, а максималната брзина околу 130 km/h. Батеријата се полни за 6 часа, или 30 до 40 отсто за еден час. Цената за поминати 150 километри е помеѓу 80 и 105 српски динари (42 – 56 денари).

Доколку бидат нарачани над или околу десеттина автомобили тимот ќе побара производител-партнер со кој ќе ги изработуваат автомобилите. Цената на преправките за ова возило се околу 12.000 евра, со тоа што најголем дел отпаѓа на батеријата 7.000 евра, а електромоторот чини 1.000 евра. Од заштедата која возачите ќе ја остварат додека го возат електричното возило, ќе можат да купат уште две вакви возила, тврди г. Божиќ.

Покрај поевтините трошоци за гориво, предност на електричните автомобили е и поголемата издржливост на деловите, па поправките на електричните автомобили се поретки од оние на автомобилите на гас или течно гориво. Најголема грижа е високата цена на батериите, но до нивното менување е заштедено доволно.

Засега електричниот автомобил е во исчекување на своите тестирања на Машинскиот факултет во Белград, по што би можел да добие дозвола да биде вклучен во сообраќајот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии