Прв поглед на Trawell, .мк апликација за патување на CodeWell

Мобилната апликација Trawell на стартапот CodeWell, успеаја со својот концепт да собере најмногу гласови на Europe Startup Weekend Battle натпреварување на Facebook, со што доби шанса да се презентира пред инвеститори во Лондон.

„Во Лондон беше мојот колега Мартин и тој го презентираше Trawell, но за жал не ја земавме главната награда на настанот. Мартин сè уште не е вратен меѓутоа имам информации дека презентацијата поминала одлично и од многу од присутните луѓе таму (инвеститори, девелопери, итн) сме добиле пофалби како за презентацијата така и за Trawell“, вели Нино Карас од CodeWell.

Траwell е моментално во бета и CodeWell продолжува да ја развива со цел да биде спремна не само за македонскиот, туку и за светскиот пазар.

„Една од верзиите (можеби нај интересна) е да се развие CMS (веќе има прототип), со кој ќе може да се менува цел податочен слој на апликацијата, а со тоа и некои нејзини прилагодувања па како таква Trawell да се продава на туристички агенции, фирми кои издаваат печатени водичи, општини, градови, со што самите тие преку отворање на профил за кој ќе се наплаќа ќе вадат персонализирани верзии на Trawell, кои секако ќе функционираат офлајн.“

TraWell from CodeWell on Vimeo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии