Прв поглед на минијатурниот TP-Link Portable 3G/3.75G Wireless N рутер

(Рецензијата за TP-Link Portable 3G/3.75G Wireless N рутер ќе ја најдете и на форумот на IT.com.mk каде може да се вклучите во дискусијата, да прашате и да научите нешто ново)

Заборавете на проблемите и мачењето како со 1 3G USB стикче да ја поделите истата конекција на повеќе преносни компјутери, телефони и таблет компјутери. Ви го претставуваме одличниот рутер TP-Link Portable 3GWireless N. Мора да признам дека го зедов производов за рецензија поради неговите димензии. Уредот е доволно мал за да може да се носи дури и во џеб, и иако искрено не верував многу во неговите квалитети, Portable 3G Wireless N(ano) се докажа како многу моќен. Наскоро ќе дознаете и зошто.

Да почнеме од почеток. Рутерот е од TP-Link кој е глобален провајдер на SOHO мрежните продукти и е број еден провајдер за безжични и жичани уреди чиј продукти се застапени во 120 држави со 10 милиони клиенти. TP-Link произведува рутери, свичеви, IP камери, адаптери, принт сервери, медиа конвертори и мрежни адаптери за крајните корисници.

Portable 3G/3.75G Wireless N е спакуван во мала минијатурна кутија која содржи рутер, адаптер за струја, ЦД со потребен софтвер, прирачник, USB кабел и Enternet кабел. Најважниот дел е сакако рутерот кој на него ги има следниве работи: мод свич со кој местиме дали ќе го користиме како 3G или рутер, има еден Enternet порт, Lan/Wan, мини USB port кој служи за напојување на рутерот преку латоп или со адаптерот кој доаѓа со него. Има и 3G USB порт за креирање на 3G конекција која може да ја споделиме со другите и има WPS/Reset копче за рестартирање на уредот.

Тоа што го издвојува TP-Link Portable 3G/3.75G Wireless N рутер од конкурентните производи се секако димензиите 74 x 67 x 22 милиметри. Рутерот е лесен и компактен, мал и функционален, ги има сите функции како сите обични и големи рутери. Лесен е за пренесување од едно на друго место, димензиите му се толку мали што може да го ставите во џеб на палто, јакна, и секако може да го носите во ташна.

Што се однесува до другите подетални спецификации на овој рутер:

Дизајнот и изработката на ова рутерче е перфектно изработено, особено радосни ќе бидат оние кој имаа Apple Mac преносни компјутери, бидејќи ќе им се вклопи комплетно во дизајнот на лаптопот и ќе изгледаат идентични. Она што е за поздравување од TP-Link е онлајн емулаторот за овој рутер и за сите негови претходници. Слободно можете да се опуштите и да го разгледате се што тој опфаќа. Линкот до емулаторот е http://www.tp-link.com/resources/simulator/TL-MR3020/index.htm

 Позитивно

  • Мали димензии, лесно за пренесување;
  • Не му е потребно додатна струја, може да се напојува со струја од самиот лаптоп или компјутер преку USB кабел, но исто така има можност да се поврзе и на адаптер;
  • Бела боја во комбинација со блага сива боја која остава убав впечаток;
  • Може да се користи било како 3G USB стикче не зависно од операторот.

Негативно

  • Нема :)

Рецензијата ја обезбеди Mebius Компјутери кои обезбедија и специјален попуст за сите читатели и членови на форумот на IT.COM.MK. За подетални информации обратете се на 02 3090 517.

Бонус

Kaко бонус споделуваме линк кој ви објаснува како да ја засилите Wireless мрежата за да фаќа на поголема далечина. Напомена! Доколку се решите да го следите водичот, треба да знаете дека е потребно претходно познавање од електроника и дека ќе ја изгубите гаранцијата на истиот произвот. Евентуалната штета паќа на ваш ризик. Повелете линк (само за напредни корисници).

11 коментари на “Прв поглед на минијатурниот TP-Link Portable 3G/3.75G Wireless N рутер

  1. Малце идиотски што треба да имаш USB стик за да ја вметнеш 3G картицата, што значи сепак си ограничен оти секој оператор во МКД има кодирани 3G USB модеми кои што иако можеш да го купиш на припејд (без договор) за 50 евра неможеш да користиш картици од друг оператор.

  2. Не е споделено конкретно искуство туку се пренесува нешто што веќе го има на нет. Маркетиншки текст?
    И како може ИТ уред да нема нешто негативно во него.
    Послабо ривју не можеше да напишеш Томиславе.

    1. Не е ниту насловот „искуство со производот“ туку “прв поглед на производот“. И преку онаквото сте ми дојдени сите што само негативни коментари оставате на се и сешто. Или нема коментари или ако видам на некоја статија оставено некој коментар, обавезно е мрчење И пиши си правилно име, или што се срамиш некој да не те дознае колкав**** си.

      1. Зошто мислиш дека некому му чуе колку мм се димензиите на проклет рутер?
        Ако не ми зборува за рутирањето, нека не пишува ич. Отварам текст за рутер и најмалку што очекувам да ги читам неговите физички карактеристики, особено не цел текст да биде за тоа.
        И како тоа нема негативни карактеристики? Кој ИТ уред на денешницата нема некаква негативна карактеристика? Уште и смајли ми плеска. Од балкон се гледа дека е глуп ПР текст платен од Мебиус. Пун курац реклами стана сајтов. Јебем ти ИТ со ваква омладина.

  3. Ок све, лајк што се вели. Но читам читам и некако да видам sim card slot во текстот. ќе имаше повеќе логика рутерот..

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии