Thomson е бренд кој стрикно е посветен на мултимедијалните решенија и од неодамна достапни и кај нас. Oва е всушност европски бренд на TCL multimedia групацијата од Хонг Конг која е проширена низ целиот свет. Имаат висок квалитет на LED и LCD телевизори со прилично конкурентни цени. Заинтересираноста за „нов“ бренд на нашиот пазар е голем, пред се за добри цени со висок квалитет на изработка, па затоа решивме да земеме и да тестираме еден телевизор токму од овој бренд и да видиме дали навистина вреди да се има во вашите домови. Станува збор за телевизорот Thomson 32fu5554 Smart TV. Телевизорoт има fullHD чиста слика, smart опции и е достапен во повеќе големини. Ние на тест го имавме помалиот 32-инчен модел.

(Доколку сакате да дискутирaте за рецензијата, да прашате или споделите искуство, слободно приклучите се на форумот на IT.com.mk)

Спецификации

  • Дисплеј: LCD Display- Edge LED
  • Дијагонала (инчи): 32
  • Aspect Control: 16:9
  • Резолуција: 1920×1080
  • HDTV Display Capability: 1080p (Full HD)
  • Фрекфенција: 100Hz
  • Response time: 8ms
  • Аудио: Стерео 10W (2x5W)
  • Интерфејси: AV / Audio x2 / SCART / VGA / HDMI x4 / USB x2 / Optic / WiFi / DLNA / PCMCIA Slot
  • Светлина: 350
  • Агол на гледање: 178°
  • Димензии со/без држач: 730x490x182mm/730x440x60mm
  • Тежина со/без држач: 8.3kg/6.7kg
  • Гаранција: 2 години
  • Цена: 20.990 денари

Пакување

Телевизорот се испорачува во картонска бела кутија. На предната и задната страна се наоѓа визуелен ефект како и лого од брендот и најосновните карактеристики на телевизорот. Бочните страни се црни и на нив се наоѓа моделот на телевизорот, големината на екранот и повторно најважните карактеристики на телевизорот.

Можеме да ги пофалиме Thomson со тоа што заедно со телевизорот доаѓа и многу додатна опрема. Тука е упатството за користење, сталакот заедно со држач и навртки, далечинско со 2 батерии, WiFi адаптер, напонски кабел, стега за кабли, USB дополнителен приклучок, SCART и аудио приклучоци. Богат сет од кој ништо нема да ви недостасува.

Дизајн

Првиот контакт со телевизорот беше изненадувачки. Thomson 32fu5554 има вистински елегантен дизајн. Црно стаклено подножје кое се држи на стилски издизајниран столб од проѕирна тврда пластика го потврдува моментот дека материјалите се внимателно одбрани.

Екранот е затворен во куќиште кое е изработено од квалитетна пластика со дебелина од само неколку сантиметри. Предната маска е украсена со црн брусен алуминиум. На средината се наоѓа логото од производителот и десно на долната страна е сместено IR сензорот и индикатор сијаличката. Странично се наоѓаат копчињата за вклучување и навигација. Изработени се од пластика и нежни се за работа.

Според она што можевме да го воочиме и искусиме до сега, во поглед на дизајн Thomson 32fu5554 би го сместиле на исто скалило со поскапите модели од попознати производители. Воопшто не делува ефтино, пластика е стегната, не крцка и нема никакви фабрички мани на физичкиот изглед.

Функционалност

Thomson 32fu5554 е Edge LED осветлен телевизор (ова е 32 инчна верзија) и FullHD 1920 x 1080 резолуција на екран. Формат на приказ е 16:9 и фрекфенција од 100Hz, така што сликата е без заматување во побрзи сцени (посебно важно за спорт и акциони филмови). Response time од 8ms и агол на гледање до 178°.

Овој телевизор не се лиши од ништо ни кога е во прашање опременост со надворешни приклучоци. Тој поседува 4 HDMI влезови, 2 USB приклучоци за репродукција на филмови, слики, музика и поврзување со WiFi адаптерот. Дополнителни приклучоци се AV, аудио x2, SCART, VGA…

Поврзувањето со интернет е изведено со помош на надворешен адаптер преку кој се воспоставува интернет конекција потребна за користење на SMART опциите или дирекно преку LAN кабел.

За далечинскиот управувач можеме да кажеме дека е еден од најнеквалитетните делови на целиот телевизор. Наликува на ефтини универзални управувачи на кој има тврди копчиња и некаде не е изгравирано лого од производител или сличен знак за идентификација. Користи 2AAA батерии кои доаѓаат со комплетот.

Мени и SmartTV

Thomson 32fu5554 поседува карактеристичен изглед на главното мени. Квадратчиња се поделени во два реда, а менито е поделено во 8 категории: Pictures, Sound, PAP, Options, Media, Smart TV, Lock и Setap, секое со свои подкатегории кои се преполни со подесувања и опции.

Ќе се фокусираме на опцијата Pictures и што се може да се најде во неа. Телевизорот поседува 5 режими на приказ на слика: Auto View, Standard, Dynamic, PC и Game како и дополнителната опција за гледање на филмови која има две подкатегории Day и Night.

Секако тука се и стандрадните подесувања како што се Backlight, Contrast и Brightness, како и понапредните опции за ECO settings со кој се подесува сликата за штедење електрична енергија и автоматскиот RGB калибратор.

Следно е менито Sound. Квалитетот на вградениот звучник е традиционално слаба точка кај LCD телевизорите со LED позадинско осветлување. Поради екстремно тенкиот дијзан невозможно е да се вгради пристојна акустика. Thomson за жал не се разликува многу од останатите, па затоа звукот е слаб и недоволно јасен и нема моќ да репродуцира ниски фрекфенции, но затоа има доволно добро решение за екстерно поврзување со hi-fi и surround.

Освен опциите Sound type и Type со кои се мести звукот сите останати опции се горе-доле стандардни кај сите производители. Picture And Picture (PAP) опцијата ви нуди да вклучите/исклучите втора слика од друг канал прикажан врз првиот.

Options табот ви нуди да изберете превод на филмови, телетекст… како и да проверите дали има надоградби на софверот на вашиот телевизор. Исто така се избира и начин на интернет мрежа (на располагање ви се LAN и Wi-Fi).

Во Setup можете да наместите јазик на софтверот, начин на поврзување на tuner-от како и ред други опции кои се нудат, а не зависат во прикажувањето на бои и сликата.

Media Center ви нуди да користите надворешни уреди за гледање слики, слушање музика и гледање филмови. Навигацијата низ менито е лесна. USB репродукцијата кај овој мод е солидна, но не и совршена. Видео формати кои ги подржува се: MKV, DivX, MP4, WMV i MOV, од слики можете да гледате само JPEG, а од музика MP3, WAV, i Dolby Digital 5.1 AC3.

SmartTV Опцијата ја оставивме за крај бидејќи на неа треба да се стави акцент. Thomson 32fu5554 е еден од ретките модели во овој ценовен ранг кој ја поседува оваа опција. Добро организирана со лесна навигација и пристапност до сите сервиси кои ги нуди, а нуди повеќе од 50 најразлични веб сервиси меѓу кои: Viewster, YouTube, Dailymotion, Facebook, Twitter, Flickr, Picasa…

Не е изоставен и веб пребарувач преку кој ќе можете да ги отворите било кој сајт на вашиот телевизор. Искуството не е најсјајно бидејќи внесувањето на такстот се врши преку далечинскиот управувач, па куцањето иде многу споро. Adobe Flash поддршка не е присутна со што нема да можете да гледате ништо што е Flash елемент на сајтовите.

Слика

SmartTV опциите како и сите останати подесувања не се толку важни и пресудни во изборот на добар телевизор како што е тоа прикажувањето на сликата и квалитетот на боите. Сепак примарната дејност на телевизорот е гледањето на квалитетна слика. При гледањето на дигитална телевизија може да се каже дека има добар опсег на слика, без проблеми при приказ на црна и бела боја. Деталите во темни или светли области на сликата нема да бидат изгубени. Боите се живи и реални, но присуството на црна боја и контраст недостасува. Длабината на црната боја и контрастот се најкритичните точки за квалитетна слика. Тие ја одредуваа визуелната застапеност и степенот на осветленост на сликата.

Аголот на гледање кај 32fu5554 е голем, мала девијација на искривена гама и бои. Идеален агол на гледање е 45 степени. Сепак кога гледаме станува збор за HD-формат Тhomson 32fu5554 се покажува во право светло. Доколку се подесат сите сетинзи за да се оневозможи overscan и отстранување на „јасност” HD-TV испраќа сигнал без непотребна обработка и неверојатни детали на сликата без дисторзија.

Добар контраст и пристоен према стандардите на LCD TV, црните нивоа се правилно распоредени во сликата и обезбедува природна репродукција на боите. Како резултат на материјалот снимен во HD, гледањето е реално и не се влошува во текот на гледањето.

Заклучок

Thomson 32fu5554 е компактен и квалитетен. Телевизорот има убав дизајн и паметни напредни опции и одличен панел кој може да создаде траен впечаток кај корисници кои се восхитуваат на добри филмови во висока резолуција. Квалитетот на сликата е одличен за телевизор со Edge LED позадинско осветлување и FullHD резолуција. Добро ниво на длабина на црна боја и восок контраст, две работи кои играа пресудна улога во квалитетот на сликата. Thomson 32fu5554 е мејнстрим телевизор наменет не само за љубителите на висок квалитет на боја и стилски дизајн, туку исто така и за оние на кои им е важни изобилството на опции на телевизорот. Потрошувачка на енергија е од 38 W.

Позитивно

  • Одличен контраст и длабина на црна боја.
  • Голем број на надворешни конектори.
  • Адаптер за WiFi.
  • SMART Tv опции.
  • Широко подесување на режим на слика.
  • Квалитетна изработка од издржлива пластика.

Негативно

  • Далечинското е со лош дизајн.
  • Не поддржува Flash.
  • Лоша униформност на екранот.
  • Неприродна острина на слика кога е поврзан со PC.

Уредот на тест ни го отстапи SET компјутери кои воедно се и застапници за Thomson.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии