Прв поглед на таблет компјутерот на Google и Asus – Nexus 7

Со развојот на технологијата и развојот на уредите со екрани на допир, се зголеми и побарувачката на уреди кои нема да користат стандардни тастатури туку сето тоа ќе биде спакувано во еден дисплеј на допир. Двата гиганти Google и Asus направија производ кој има достапна цена и врвни перформанси.

Се работи за таблетот Asus Nexus 7 кој има високо квалитетен 7-инчен IPS екран и моќни хардверски компоненти. Моделот е толку добро направен што во еден момент помисливме дека држиме Apple IPad во рака. Рецептот за успех кој го направи овој производ еден од најбараните на пазарот е што Google стои зад промоцијата и софтверот за истиот. Таблетот работи на Android 4.1 Jelly Bean и поседува микрофон, камера, GPS, Bluetooth и NFC. За жал нема слот за мемориска картичка, но има доволно интерна меморија за да ги задоволи потребите на корисниците.

[youtube]YMQdfGFK5XQ[/youtube]

Спецификации

  • Оперативен систем: Android 4.1 Jelly Bean
  • Процесор: NVIDIA Tegra 3, 4 јадра, 1,2 GHz
  • Меморија: 1 GB
  • Внатрешна меморија: 8/16 GB, нема слот за мемориска картичка
  • Екран: капацитивни 10-точка мулти-допир 7-инчен, Corning Gorilla Glass, IPS, 1280×800
  • Комуникации: Wi-Fi IEEE 802.11 b / g / n, Bluetooth 3.0, microUSB (MTP), 3,5 мм аудио приклучок, 1,2 мегапикселна камера за видео повици, конектор за Docking станица
  • Батерија: 4250 mAh
  • Димензии: 198,5 x 120 x 10,5 милиметри, тежина 340 g
  • Опрема: кабел, адаптер и упатство за употреба
  • Цена: 13.990ден.

Пакување

Nexus 7 доаѓа во надворешна кутија на која се наоѓа логото на произоводителот, најважните софтверски апликации и слика од (половина таблет) во вид на 7.

Под надворешната обвивка се крие црна мат картонска кутија во која е сместен уредот заедно со сите додатоци. На оваа кутија освен логото нема ништо друго. Во кутијата освен таблетот можете да најдете и упатство за користење на повеќе јазици, адаптер за полнење и USB кабелче… Скромен сет.

Дизајн

Nexus 7 има приjатен, едноставен и стилски дизајн. Наликува како „паметен телефон на стереоиди“, со минималистички визуелен стил, каде се е сместено со замисла и ништо не е излишно. Оптимална големина од 7 инчи со дебелина од 10,5 mm е лесно да се фати со една рака. Таблет компјутерот на предната страна е покриен со заштитно стакло Corning Gorilla Glass. Нема хардверски копчиња. На средина на горниот крај се наоѓаат сензорот за светлина како и единствената 1,2MP камера за видио повици.

Задната страна е изработена од црна мат пластика мека на допир со текстура од точки. Дизајниран за да биде по пријатен при подолго држење во рака.

Страниците на уредот се направени од сребрена пластика со специфичко заоблени рабови на кои се наоѓаат сите физички копчиња и портови. На десната страна се наоѓаат копчињата за исклучување/вклучување на уредот како и копчиња за контрола на гласот. Левата страна е резервирана за Docking станица. На долниот крај може да се видат micro USB приклучокот како и 3,5mm џек за слушалки.

Кога станува збор за физичкиот изглед со право можеме да кажеме дека се е перфектно, сите делови се вклопуваат цврсто заедно, не крцка и немате чуство дека држите ефтин кинески производ. Задната страна е тешко греблива и можеби единствен недостаток е што копчињата за отклучување се лошо наместени за да се отклучи/заклучи уредот со една рака.

Екран

Nexus 7 се испорачува со 7 инчен IPS екран заштитен со Corning Gorilla Glass кој обезбедува заштита од гребење. Екранот има широк агол на гледање (178 степени) и резолуција од 1280 x 800 пиксели. Светлината се подесува рачно или автомацки и се движи од 15-260 cd/m2, со 50% ниво на 150 cd/m2.

Сликата е јасна со свежи бои и добар контраст, но на првите проблеми при секојдневно работење ќе ги добиете кога ќе излезете на јака сочева светлина каде нормалното обавување на функциите е отежнато.

Интерфејс и тестови

Google е единственит таблет компјутер кој ја користи најновата верзија на Android 4.1 Jelly Bean кој работ на quad 1,2 GHz NVIDIA Tegra 3 процесор со 1 GB RAM меморија. Обемот на меморијата зависи од верзијата, може да изберете помеѓу 8 GB и 16 Gb верзија. За жал картичка не е предвидена, па затоа доколку планирате да го користите таблет компјутерот за некоја игра или за складирање на неколку епизоди од вашата омилена серија ќе најдете на проблем со простор за складирање.

За комуникација обезбедени се Bluetooth, Wi-Fi 802.11n, GPS и NFC, како и 1.2 мегепикселната камера.Капацитетот на батеријата од 4325 mAh трае доволно долго. Во нормалне режим на работа батеријата може да трае и до неколку дена. Со константно веб сурфање, на просечно ниво на осветленост, батеријата држи околу 9 часа, додека за гледање HD видеа со просечна осветленост батеријата држи нешто повеќе од 7 часа.

Интерфејс

Како што веќе спомнаве неколку пати Nexus 7 работи на Android 4.1 Jelly Bean, кој во голема мера е сличен на неговите претходни верзии. Првото забележително нешто е стандардниот прстен за отклучување со текстуално или гласовно пребарување на Google.

Новитет кој го има оваа верзија на Аndroid е тоа што може целосно да се тргне статусната лента кога на таблетот имате стартувано апликација на цел екран. Сепак нема многу да се задржуваме околу објаснувањето на интерфејсот на Аndroid оперативниот систем, кој веќе е виден на бројни други уреди.

Преинсталираните апликации кои доаѓаат со уредот се скромни. Како главен прелистувач се користи Google Chrome, а има и инсталирано Google Earth и Google play продавница. Сурфањето на интернет е брзо и пријатно поради големите димензии и резолуција на екранот.

На располагање го имате и TegraZone. Ова е многу важно доколку примарната цел на уредот ви е забава и игри, со таа цел TegraZone ви овозможува адаптација на истите. Јас искрајно не обожавам да играм на толку мал екран, и екранот на допир дополнително ја отежнува работата за успешна контрола на истите.

Сите системски подесувања на системот се сместени во еден дел од каде лесно може да се види верзија на системот, капацитет на складирање податоци, вклучување исклучување на Wi-Fi и Bluetooth како и ред други сетинзи за уредот.

Таблетот е опремен со GPS, кој во теорија треба да биде навигатор, но бидејќи 3G не е достапен за уредот, а масовна употреба на Wi-Fi е сè уште недостапно за нас, па затоа намената како навигатор во автомобилите практично е недостапна.

Тестови

Не може да пројде ниту еден уред низ наши раце, а истиот да не биде тестиран и оптеретен за да се види колку тој всушност има капацитет и вреди. Таблетот е тестиран со Benchmark апликации за Android кои тестираат различни делови на уредот. Пуштени се 8 најразлични апликации и на сите Nexus 7 се држеше околу врвот.

Апликации на кои е тестиран уредот:

  • AnTuTu Benchmark
  • CF-Bench
  • PassMark Performance
  • Super Pi
  • Vellamo
  • Multi-touch Benchmark
  • Quadrant
  • AnTuTU 3D rating

Сите апликации се пуштени по 3-пати и е земен најдобриот резултат.

AnTuTu Benchmark

AnTuTu e апликација која практично го оптеретува целиот систем.

CF-Bench

Има слична функција како и AnTuTu.

PassMark Performance

Оптеретување на систем и брзина на запишување/читање податоци.

Да направиме мал пресек и да сумираме од првите три тестови. Како што може да се забележи таблетот во просек на сите тестови е 3 место под Samsung Galaxy S3 И HTC One X, кои сепак се паметни телефони. Има добри процесорски перформанси и одличен приказ на 2D графика. Нешто послаби резултати извади на 3D графика и на тест на меморијата.

Super Pi

Веќе добро познато програмче за PC, се користи за мерење на перформансите на компјутерот (најчесто по оверклок).

Vellamo

Ова е, според нас, најдобриот тест од кој пред се се мери HTML5 ефикасност и графички приказ.

Multi-touch Benchmark

Апликација за тестирање на мулти-допир на екранот.

Quadrant

Целовкупено рангирање на уредот.

AnTuTU 3D rating

Тест на 3D графика на различна резолуција.

Со завршувањето на сите тестови и собирањето на резултатите, перформансите на уредот се на едно завидно ниво. Резултати кои покажуваат дека се работи за добар уред и кој може успешно да се снајде за секаква ситуација. Перфорmанси 8/10

Заклучок

Кога станува збор за 7-инчен таблет со право можеме да кажеме дека Asus Nexus 7 може да биде тоа што го барате. Висок квалитет, моќен и релативно ефтин 7-инчен таблет компјутер со quad процесор и најновата верзија на Аndroid. Тој е компактен и лесен, па така, му овозможува на корисникот секогаш да го има во својот џеб.

Веруваме дека Nexus 7 ќе успее да се популаризира поради недостаток на конкуренција (има само еден сличен модел од Samsung и Apple, иако мора да се остави простор и за Windows 8), но тие истите се многу поскапи. Ограничувачки фактор е слабото ширење на Wi-Fi мрежата на јавни површини, па со тоа се спречува искористувањето на таблетот во целост. Да се надеваме дека брзото ширење на ваквите уреди ќе ги поттикне и охрабри компаниите и властите да се посветат и на оваа проблематика.

Позитивно

  • Цена.
  • Добри перформанси.
  • IPS екран со голема резолуција.
  • Тенок, лесен и удобен на рака.
  • Работните саати на батеријата.
  • Квалитетна изработка.
  • Можност за користење TegraZone.

Негативно

  • Нема слот за мемориска картичка.
  • Нема 3G поддршка.
  • Непријатен за работење при јака сончева светлина.

Уредот е отстапен за тестирање од SET компјутери, голема благодарност до нив.

11 коментари на “Прв поглед на таблет компјутерот на Google и Asus – Nexus 7

  1. значи хејтери секогаш ќе има, таков народ сме не сме ние криви, затоа ако коментарот нема никаква поента се игнорира

    Поздрав.

  2. За да направиш ривју треба хардверот да го имаш во рака. Ете се решила некоја македонска фирма да даде едно парче. Убаво им текнало на СЕТ покрај ова тие бесплатно се рекламраат :).

    Престанете да хејтате поготово за вакви ривјуа кои се добредојдени.

  3. Decki mislam deka malce preteruvate. Sepak ne zaboravajte deka ova e makedonija i deka 3meseci e odlicen period za da se napravi nesto vakvo. Da bideme blagodarni sto mozeme nesto vakvo da citame nq nas jazik. Pozdrav nisto licno samo spodeluvam mislenje

  4. За македонски услови не знам како ќе ја објаснат цената од 13990 ден. или приближно 290$, а од Google најавија дека истиот ќе биде со цена од 199$????? (и таа е цената во повеќето држави)
    Овде кај нас се работи за голем профит.

    1. Можеби во Америка е 200$, но во европа секаде е 200€ + трошоци за достава.
      Со оглед на тоа цената е само минимално повисока од европскиот пазар и сосем прифатлива.

      1. Да, нашиот стандард е над остатокот од Европа, така што може да си дозволиме. Треба и 300е. да стават цена. Да се знае дека сме фраери.

  5. Рано ви текна, жално е да добиваме "прв" поглед на таблет кој е присутен на пазарот повеќе од 3 месеци….Рецензијата е супер, само требаше малку порано да дојде:))

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии