Ве интересира нашиот прв впечаток кога се поигравме со две SteelSeries тастатури, World of Warcraft персонализирано глувче, USB аудио картичка и слушалки? Уредите се импресивни! :D

Прашајте ги и форумџиите за Steel Series!

Не за џабе SteelSeries се спонзори на SK Gaming и други успешни гејминг тимови, a нивната опрема дури е промовирана од Blizzard Entertainment. Уредите се фантастични, но пред се изобилуваат со опции за персонализација на секој детал. Тастатурите можат да се наместат за неколку комбинации кои се променуваат само со кликање на копче, Cataclysm глувчето се поврзува со вашиот лик од Azeroth. А слушалките? Звукот што го даваат го комплетира чувството на уживање.

SteelSeries Merc Stealth Illuminated

Тастатурава е фантастична за гејминг и е само за гејминг. Заборавете само на WSAD + 1, 2, 3, 4, 5 копчињата… Со Merc Stealth имате оделен гејминг пад со 27 копчиња наменети само за игрите кој е така дизајниран за дланката да е тешко да промашите копче. Само ќе треба да се навикнете бидејќи има многу копчиња, кои во некои игри можат и да се искомбинираат. Плус на тоа го имате остатокот од QWERTY тастатуратa. Стрелките се малку чудни бидејќи се наоѓаат на нумеричкиот десен дел, но се активираат со NumLock копчето.

Секој SteelSeries тастатура доаѓа со свој софтвер кој е едноставен за комплетно персонализирање на копчињата, и дури и персонализирање на времето на реакцијата. Софтверот има и опција за статистика да ги сними акциите на тастатурата за да може да се персонализира уште подобро.

(кликнете на сликите за поголем квалитет)

Merc Stealth е уникатно осветлена тастатура, осветлувањето исто се персонализира и се добива избор од неколку бои што даваат интересен момент во темнина, што е и избраната околина на секој гејмер. Осветлувањето помага при снаоѓање со копчињата. Распоредот на копчињата на Marc Stealth не е стандарден, што може малку да збуни, барем додека се навикнете, но од друга страна нивниот распоред е така дизајниран да не треба многу напор да се погоди правото копче.

Дополнително покрај персонализацијата, секоја SteelSeries тастатура има вградено и 2 USB-а и портови за слушалки и микрофон. Merc Stealth e со димензии 546x234x46mm.

SteelSeries Shift

Shift е доста интересна тастатура, посебно за гејмерите кои сакаат различен вид на игри. Ја има целата персонализација како и сите SteelSeries уред, можеби нема комплетно одделен гејмерски пад како Merc Stealth, но има 8 додатни копчиња кои се персонализираат во бројни профили, има копчиња за мултимедија, опција за двојно програмирање на целата тастатура што е најинтересно може да се спакува и да се замени со ист таков ред на копчиња специјално дизајнирани пример за World of Warcraft, Medal of Honor, StarCraft 2 итн.

Благодарение на персонализацијата на Z-Board софтверот може да се сетираат макро акции со доцнење. Ах, да. Заборавете на погрешно кликање на Windows копчето и префрлување на десктоп во клучните моменти. Тоа копче може да се исклучи преку софтверот.

Секако тастатурите се и за куцање, нели? Копчињата на Shift се можеби подобри од гумените копчиња на Merc Stealth во смисла на куцање, прстите не мора да притискаат многу да се добие рекација, но тоа зависи од навиките. За гејмерските навики копчињата се доволно прецизни, што е доста задоволително.

Според SteelSeries, копчињата кои почесто се кликаат се дизајнирани да се кликнат со помала сила, од тие што не се користат често. Но, ова е скоро неприметливо бидејќи копчињата се кликаат лесно, а реакцијата е брза.

Покрај 2 USB и портови за слушалки и звучници позади, слично како кај Merc тастатурата, двата потпирачи позади на Shift се всушност четири, што овозможува Shift да се потпре на 3 висини. Дополнително има и уште една предна подлога за рацете која се додава посебно. Shift e со димензии 40x490x190mm.

World of Warcraft Cataclysm MMO Gaming Mouse

Името доволно кажува за што е дизајнирано ова глувче кое има дури 14 копчиња. Сите копчиња можат да се персонализираат, може лесно да се наместат, пример, да се „напаѓа мета на мета“, дури и да се поврзат со Macro-ата во World of Warcrat. Мacro e персонализирано програмирана акција во играта која извршува неколку команди одеднаш.

USB глувчето може да биде поврзано со 10 профили од WoW Armory, односно за сите ваши карактери (алтови) може да си ги наместите копчињата посебно. Може да си ги наместите и брзината на движење на глувчето и брзината на кликањето.

Еден исклучиво интересен момент е осветлувањето во глувчето. Можеби кога го држите глувчето светлото не се приметува, бидејќи дланката е врз светлото, но е уникатен момент. Осветлувањето на глувчето кое е дизајнирано како оклопот на Deathwing, се персонализира со палета на 16 милиони бои. Можеби најсоодветно е да свети црвено како Хордата, или сино како Алијансата.

SteelSeries QcK+

QCK+ подлогата со глувче, 2mm дебела и со површина 450 x 400 cm, е одлична за брзи реакции. Подлогата има гумена основа, а површината е со квалитетно платнен материјал кој спречува лизгање што придонесува да го чува глучето каде што му е местото, без да бега од рацете. Ја пробавме со Cataclysm глувчето и двете се одличен пар.

SteelSeries 7H headset

7H слушалките имаат неколку верзии, или имаат аудио џек наменет за iPod, или се поврзуваат со USB. Koj и да е изборот, тие можат да се закачат на PC, односно на било која SteelSeries тастатура бидејќи тастатурите си имаат USB/аудио портови токму наменети за вакви додатоци.

Слушалките даваат одличен чист звук со доста истакнати нискофрефенциски тонови (т.е. бас), што дава одличен реалистичен ефект на FPS игрити. Експлозиите се посебно добри. SteelSeries велат дека ги тестирале со гејмери и музичари да го достигнат правиот звук на двете искуства.

7H се дизајнирани за подолго носење. По час-два носење ушите не болат од притисок на перничето, кои всушност ги има две, различни во форма и различни по звук. Перничето помага комплетно да се издвои надворешниот звук, посебно кога звукот е доволно гласен, што е толку добро колку што и лошо бидејќи може комплетно да се занесете во звукот.

Интересно е што микрофонот се наоѓа во слушалката и се извлекува, така што воопшто не смета доколку не го користите. Слушалките имаат и посебен додаток за одредување на тонот, што помага бидејќи не мора да кликате на компјутер за да намалите во моментални ситуации кога станува прегласно или претивко.

SteelSeries Siberia USB Soundcard

Ова е USB звучна картичка, што значи може да си ја носите со себе. Посебно е добра за гејмерите кои играат на лаптопи и често менуваат локација.

Картичката поддржува surround system и си има опции со 12 канали за сетирање на звукот.

Заклучок:

Настрана од импресивната персонализација, за која ќе треба труд да се прилагоди бидејќи има еден куп избор, SteelSeries ги нуди најквалитените и најефикасните уреди за секој гејмер. По искуство со уредите слободно може да се каже дека не може да се биде pro и да се доживее правото гејминг искуство со random QWERTY тастатура и random глувче.

Game on!

(текстот е спонзориран од Anhoch)

1 коментар на “Прв поглед на SteelSeries гејминг уреди

  1. Доколку сте хардкор гејмер убер опремата секако би ви била од SteelSeries/Razer/Microsoft/Logitech но во моментов мислам дека SteelSeries 6hv2, SteelSeries Siberia v2 USB, QCK+ Heavy и SS XAI или SS Kinzu се ненадмашена опрема за сите "pro wanna be" гејмери :)
    Предности: Супер опрема, задоволува секој гејмер и потребите на сите аматерски и професионални гејмери, Изгледа кул, Работи безпрекорно
    Минуси: Скапа опрема, Дел од опремата има свој мани што неверувам дека овде би можеле истата да ја рекламирате :)

    оцена : 8/10 за сите SteelSeries производи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии