A long time ago in galaxy far, far away…

Викендов се одржа нaјаверојатно единствениот масивен бета тест за Star Wars: The Old Republic. И на мое огромно изненадување беше навистина масивен, понекогаш беше потребно да се почека и еден час за да ви дојде редот да ја пробате игратата, а често и подолго. И покрај тоа што имаше петнаесетина европски сервери и скоро двојно сервери за Северна Америка ва текот на целиот бета викенд серверите беа преполни со заинтересирани гејмери. Но, серверите се покажа неверојатно стабилни и во текот на моето „тестирање“ кое на двапати траеше подолго од 12 часви не бев сведок на ниту еден рестарт или непланирано гаснење, што се однесува до латенцијата главно беше од ред на 100 ms.

Без разлика на тоа што имав одгледано најголем дел од видеата, интервјуата со дизајнерите и писателите, како и голем дел од форумите по кои се расправа за оваа игра ништо не ме подготви за искуството кое го нудеше овој бета тест. Почетните зони се навистина големи (барем тие во кои јас стартував Tython и Ord Mantell кој се почетни зони на Републиката), а уште поголем е центарот на галактичата моќ Corusant. Првите 10 нивоа се осмислени како прилично долг туториал како за класата која сте ја избрале така и за моменталната состојбата во која се наоѓа универзумот.

Што се однесува до класите на двете страни им се доделени по четири почетни, а на десетотто ниво избирате специјализација и по ова нема враќање. На пример Jedi Consular на десето ниво може да специјализира во Jadi Sage (Mage тип на DPS или лекар) или Jedi Shadow (танк или rogue тип на DPS). Дрвата со таленти се сличи(исти) со дрвата од World of Warcraft, но секоја од класите има таленти за две улоги DPS и лекар или тенк.

Дека играта не е „WoW in space“ ќе ви стане јасно уште во првите десетина минути играње, на пример многу повеќе наликува на ММО-Dragon Age во Star Wars универзум. Секој од осумте почетни класи има своја оргинална приказна за тоа како е втурнат во конфликтот помеѓу двете страни, Smuggler-от на пример се труди да си го поврати бродот кој на почетокот му е украден, Jedi Consular-от се обидува да го пронајде загубениот холокрон се додека не дознае дека неговиот учител е болен од непозната болест.

Всушност најголемиот дел од играњето ќе ви помине во дијалози со луѓето кои ве праќаат на мисиите, а освен поени за темната или светлата страна, изборите кои ги правите имаат влијание и во понатамошните мисии.

Најдобро направен во играта е универзумот и начинот на кој ве запознаваат со него, во текот на цело играње нема да почуствувате дека нешто не одговара или премногу се истакнува. Дури и првиот придружник ви се приклучува дури откако повеќе пати ќе се сретнете со него во кратките филмчиња за дијалозите. Всушност преку овие дијалози дознавате за се: корумпираноста на републиката која е стигната до таму да ги корумпира и војниците кои се во нејзина одбрана, суровата ефикасност на Bounty Hunter-ите, шармот на Smuggler-от кој во целата приказна има свој агол.

Најголемиот дел од играта барем во почетокот се случува во овие дијалози и ако сте нестрпливи и ги прерипувате не само што ќе ја испуштите приказната и најголем дел од играта (се снимени 700 часа дијалог) туку и ќе ви ја претвори играта во бледа верзија на „WoW in space“. Мисиите во почетокот главно се уништување на непријателски инсталации, спасување на останати членови на фракцијата или „FedEx“ (носење на работи на други NPCa), а во склоп на речиси секоја мисија има бонус искуство ако убиете одреден број на непријатели.

За еден дел од играчите на ММО најважен дел од игртата се професиите. Во Star Wars можете да изберете три а за секоја од професиите кои се произведувачки, материјали се собираат со две собирачки. Посебен тип на професии кои не собираат или произведуваат се дипломатија и „хак“ мисиите, првите покрај поени за темната или светлата страна може да ви донесат и уникатни рецепти за останатите професии. За значењето на светлата или темната страна немав баш искуство во бетава освен што наидов на еден lightsaber (светлосен мач) кој бараше 1 поен во светлата страна. Хак мисиите исто така може да ви донесат уникатни рецепти но главна улога на оваа професија е да отклучува специјални мисии кој би требало да ви донесат моќни артефакти. За професиите кои собираат материјали специфично е што покрај тоа што можете да ги собирате сами, можете да го испратите и вашиот придружник кој во времетраење на мисијата нема да ви биде достапен во борба.

Кога Bioware беше во право кога рече дека ова ќе биде ММО со приказна мислеле буквално на се. Дури и во борилиштата има имплементирано приказна, на пример треба да ги контролирате топовите за да пукаат во непријателската флота за да ја запрете инвазијата. Не верувам дека играч против играч борбата со карактери на ниски нивоа дава вистинска претстава за избалансираноста на класите не би се осмелил да зборувам за тоа, но сепак и на ниски ниво е забавно влегувањето во борилиште, а најниско ниво за BG барем за време на бета викендот беше десетто.

На три недели до офицјално отварање на серверите, барем за луѓето кои ја нарачале играта во предпродажба Star Wars: The Old Republic изгледа дека е целосно комплетна, од мисиите во кои не сретнав ниту еден баг, па се до стабилноста на серверите. По примерот на wowhead.com веќе се појави страна целосно посветена на Star Wars на која можете да добиете повеќе информации и да ги разгледате талент дрвата http://www.torhead.com

< и>… May the force be with you.

1 коментар на “Прв поглед на Star Wars: The Old Republic

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии