(Доколку сакате да дискутирaте за рецензијата, да прашате или споделите искуство, ве покануваме да се приклучите на форумот на IT.com.mk)

Пред само два дена беше објавена референтната картичка од R9 серијалот на Sapphire, која, за среќа на сите ентузијасти и љубители на јаки перформанси на графички картички, ќе можеме да се пофалиме и со наш официјален тест. Како што веќе знаеме дека AMD со својата нова Volcanic Islands серија го загрозува владеењето на Nvidia GeForce, произведени се чистокрвни гејмерски графички картички кои ги поддржуваат сите игри, вклучувајќи True Audio, API Mantle, со компатибилност со 4k мониторите, базирани на најјаките модели на графички процесори од Hawaii серијалот. Моделот кој го добивме на тестирање е Sapphire Radeon R9 290, модел кој не спаќа во X серијалот и со тоа има нешто послаби фабрички фрекфенции од неговиот „појак брат“. R9 290 е базирана на CGN архитектира и изработувана по 28nm технологија.

Неколку зборови околу технологијата

Да видиме како изгледа структурата на јадрото. Најјакиот модел од серијата има 2816 унифицирани процеси кои се групирани во 44 единици за обработка. Бројот на shader е зголемен на 4 парчиња.

Секоја група на извршување на одредена единица се става на векторски процесор (4 групи од 16 парчиња) и еден скаларен процес. Мемориските контролери сега заземаат помалку простор (20% помалку отколку кај Tahiti), со што ја имаат поддршката за 512-битно мемориско адресирање.

Карактеристики

  • Модел и производител: Sapphire Radeon R9 290;
  • GPU: До 1000 MHz Core Clock 28 nm Chip 2560 x Stream Processors;
  • Меморија: 4096MB 512 -bit GDDR5;
  • Интерфејс: 1 x HDMI (with 3D), 1 x DisplayPort 1.2, 2 x Dual-Link DVI-D;
  • Поддршка за монитор: Максимум 4 монитор;
  • Димензии: 277X104X31 mm 2 слота;
  • Цена: Необјавена.

Пакување

За разлика од конкуренцијта, Sapphire нема посветено премногу внимание на пакувањето на производот. Картонска кутија на која се наоѓат сите важни детали за картичката, модел, производител и рендер од игра на предната страна… Без луксуз. Во внатрешноста освен самата картичка се наоѓа ЦД со драјвери, две кабелчиња за дополнително напојување и HDMI кабел.

Дизајн

На прв поглед картата има идентичен изглед со нереферентниот модел. Карактеристичен ладилник со турбински вентилатор и специјално дизајниран оклоп со црвени пруги.

На горниот дел се наоѓаат конекторите за дополнително напојување на процесорот кои се 8-пински и 6-пински. Тука е сместено и Radeon логото кое е испишано централно на горната страна.

Уште еден детал кој е вреден да се спомне е и микро прекидачот кој има две положби, за тивок и забрзан режим на работа. Quiet mode служи за корисници кои сакаат да уживаат во амбиенталниот мир. Во овој режим картичката е речици нечујна, а намалувањето на перформансите речиси минимална. Uber mode е другата позиција која е задолжена за обезбедување на максимални перофроманаси на картичката. Дополнителната негова функција е и овозможување на работа на картичкaта во CrossFIre.

Распоредот на конекторите е ист како и кај нереферентниот модел 290x (2xDVI, еднo HDMI и еден DisplayPort) со кој може да се обезбеди поддршка за работа во Eyefinity и новите 4K монитори. PCB-то исто така е исто и препознатливо како и кај останатите модели, со црна позадина и распоред на елементите. Картичката иако е подолга од претходниците, таа воопшто не делува гломазно. Има должина од 30 мм и зафаќа само 2 слота.

Турбинскиот вентилатор има одлична способност да го изнeсе топлиот воздоух надвор, поради добрата ергономија и изведба тој има три „каналчиња“ низ кои го спроведува топлиот воздух.

[IMG]http://i.imgur.com/ETxoXAg.jpg[/IMG]

Функционалност

Зад секој добар хардвер стои и соодветен софтвер кој добрите перформанси ги прави уште подобри. Па затоа Radeon R9 290 доби нова верзија Catalyst 13.11 Beta V5. Catalyst Control Center е редизајниран со цел успешно користење на новата Power Tune функција која е достапна за R9 290 серијата на графички картички.

Она што прво ни падна во очи е 2D топлотниот приказ на Overclocking и Power опциите. Со оваа 2D шема можете рачно да си подесите на колку и како ќе ви работи гарфичкиот процесор. Она што е ново кај R9 290 серијата на графички картички е тоа што поддршува Ultra HD и 4K монотири. Кога сме кај оваа технолигја R9 290 поддржува висока резолуција преку HDMI 1.4b и Display Port 1.2 при што овозможува автоматско конфигурирање на Ultra HD 4K монитори. Исто така R9 290 серијата е способна да поддржува до три HDMI/DVI монитори истовремено.

Тестови

Она што на секој потенцијален корисник на графичките карти му е најважно се перформансите. Графичката картичка е тестирана локално и сите разулатати се споредени со графички со слични перформанси. При тестирањето следена е температурата на графичката и бучавата што ја создава, на стандардна фрекфенција и оверклокувана.

Тест конфигурација

  • Матична: ASUS P9X79 Pro;
  • CPU: Intel Core 3930k;
  • RAM: DDR3 Kingston HyperX 2×4 @ 1600 Mhz, 9-9-9;
  • Storage: Samsung 840 PRo;
  • PSU: Corsair AX1200i;
  • Монитор: Dell u2713HM 2560 x 1440;
  • ОС: Windows 7 Ultimate X64 Service Pack 1;
  • Драјвери: AMD Catalyst 13.11 Beta 5 + Catalyst Application Profiles 13.5 CAP1.

Програми и игри на кои се направени тестовите 3DMark Fire Strike; 3DMark 11; Heaven 4.0; Crysis 3; Tomb Raider (2013); Metro Last Light; Batman: Arkham City; Sniper Elite V2; Far Cry 3; Battlefield 3.

Картички со кои се споредуваат резултатите AMD Radeon R9 290X; GeForce GTX 780; GeForce GTX 770; AMD Radeon 7950.

Метода на тестирање

Сите тестови се пуштени на две резолуции 1920х1080 и 2560х1440, на секоја резолуција е мерено stock и overclock резултат при автоматски подесена вртежна моќ на кулер + два теста со мануелно подесен кулер. При тестирањто е мерена темпаратура, потрошувачка и бучава.

Stock Подесувања

Overclock на кој стабилно работеше картичката и на која беа пуштани тестовите


3DMark Fire Strike

3DMark 11

Heaven 4.0

Crysis 3

Тестовите на игри се сетирани на High се што е можно.

Tomb Raider (2013)


Metro Last Light

Мануелно подесување на кулер на 60%, се изгубија 1-2 фрејмови.

Batman: Arkham City

Мануелно подесување на кулер на 60%, не се почуствуваа поголеми пормени во FPS.

Sniper Elite V2

Far Cry 3

Battlefield 3

Максималната потрошувачка на енергија при голема оптеретеност е просечно/висока. Во споредба со појакиот X модел е нешто помала за ~7w.

Температурата во uber mode е застрашувачка. Таа достигнува и до 97 степени при оверклок и максимална оптеретеност, за споредба е поставена температируата на 290x при 100% RPM

Да ги сумираме резултатите: Radeon R9 290 го победи конкурентниот GeForce GTX 780. Ако ги сумираме резултатите ќе видиме дека ја победува 780-та во 4 тестови, а во 3 се многу блиску со резултатите, а во три изгуби. Неизбежно да се каже дека се лути ривали. Она што го забележивме при тестирањето е дека картата не е воопшто тивка кога е преоптоварена, дека троши струја и грее многу повеќе од конкурентните картички.

Заклучок

Кога станува збор за споредба со неговата целосно отклучена верзија 290Х, можеме да приметиме дека не надминува 10-15% во перформанси. па затоа можеме да констатираме дека 290 има огромен плус во односот на цена и перформанси. За да се одлучите дали Radeon 290 е вашиот вистински избор ќе морате да се одлучите што е најважно за вас. цена и перформанси или тишина и потрошувачка на енергија, и врз оваа основа да се направи избор. Нема сомнение дека за страствени гејмери картичката е она што мора да го поседуваат.

Позитивно

  • Цена;
  • Перформанси;
  • Одлични оверклок способности;
  • Дизајн;
  • Начин на кој се истиснува топлиот воздух.

Негативно

  • Висока температура;
  • Голема потрошувачка;
  • Голема бучава при оптеретеност;
  • Недостаток на VGA приклучок.

Благодарност до Anhoch кои први ни ја остапија картичката за тест. Доколку сакате да дискутирaте за рецензијата, да прашате или споделите искуство, слободно приклучите се на форумот на IT.com.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии