Прв поглед на QUART QP 1070 таблет компјутер

(Доколку сакате да дискутирaте за рецензијата, да прашате или споделите искуство, слободно приклучите се на форумот на IT.com.mk)

Кој е најдобар таблет за цената која ќе ја платиме? Нашиот скромен пазар располага со спектар од таблет компјутери кои можат да ги задоволат сите разновидни потреби на потрошувачите. Еден од неколкуте брендови можат да се најдат кај нас се QUART производите. QUART произведува во Кина, и има уреди наменети исклучиво за балканскиот пазар. Затоа многумина се сомнителни за квалитетот на QUART таблет компјутерите. Дали вреди за парите? Решивме да истестираме и да ви изпрезентираме што всушност добивате купувајќи QUART таблет компјутер. На тест го имаме моделот QUART QP 1070 – 10 инчниот модел кој има IPS панел и 3G.

Карактеристики

  • Дисплеј: 10.1″ Touch Capacitive IPS
  • Резолуција: 1280×800
  • Процесор: Dual Core A9 Cortex, 1.5 GHz
  • Меморија: 1 GB DDR3 RAM
  • Меморија за складирање податоци: 16 GB
  • Камера: x2 2MP Webcam
  • Комуникација: Wi-Fi, BT, Support USB 3G Dongle
  • Интерфејс: Micro USB, mini HDMI, 3.5 mm jack
  • Оперативен систем: Android 4.0.3
  • Батерија: 7.4V/3000mAH
  • Димензии: 240x184x8.9mm
  • Тежина: 618g
  • Гаранција: 1 година
  • Цена: 9.990 денари

Пакување

QP 1070 Се испорачува во компактна картонска кутија. На неа има слика од таблет компјутерот заедно со марка и модел. Пакувањата се подготвуваат према потребите на застапниците, па затоа секој модел доаѓа со различно издизајнирана кутија. Во пакувањето освен таблетот се наоѓа и адаптер за полнење на батеријата, USB data кабел и кратко упатство за користење. Стандардна опрема како кај сите останати таблети.

Дизајн и функционалност

QP 1070 е 10-инчен таблет компјутер кој има ултра тенок дизајн со заоблени завршетоци. Користени се модерни материјали за изработка кои делуваат скапо. На првиот поглед и допир на рака нема да успеете да направите разлика помеѓу некој поскап модел и QP 1070. Тежината му е нешто повеќе од половина килограм, дебелината му е 9 mm. Практичен е и лесен за носење. Задната страна е изработена од сив избрусен алуминиумски поклопец со заоблени ивици, под кој е сместена батеријата и звучникот.

На горниот дел од задната страна се наоѓа 2 MP камера која нема блиц и на вештачка светлина дава слики со лош квалитет, додека на дневна светлина вади далеку подобри слики. Таблетот заслужува подобра камера барем 5 MP, ако се земе во предвид дека далеку поефтини мобилни уреди имаа одлични камери.

Во долниот десен агол на задниот поклопец се наоѓа отворот за звучник, кој е доволно гласен и вади чист звук со мали деформации на пониски тонови. Вертикално на десната страна се испишани ознаките на сите копчиња и интерфејс приклучоци како и ресет копчето.

На левата страна се наоѓаат сите копчиња и приклучоци на таблетот. Најгоре е копчето за вклучување/исклучување, под него се копчината за +/- јачина на звук. Веднаш до него е приклучокот за TF картички. Следен е mini HDMI приклучокот кој е голем плус доколку сакате таблетот да го поврзете со вашиот компјутер или телевизор. Следат USB приклучокот за трансфер на податоци, микрофон, приклучок за полнач на батеријата и 3,5 mm џек за слушалки или екстерни звучници.

Предната страна е резервирана за 10-инчниот IPS дисплеј осетлив на допир. Околу дисплејот се наоѓа црна дебела рамка која е обложена со заштитното стакло и му дава една целина на целиот дисплеј. Над дисплејот се наоѓа втората камера која исто така е 2 MP, но оваа камера служи за видео повици. Квалитетот на слика е ист како и кај надворешната.

Кога станува збор за функционалноста на таблет компјутерот, би се задржал на дисплејот кој сепак во многу случаеви е пресуден кај купувачите за својот избор. QUART QP 1070 користи дисплеј од iPad 2. Сјаен multi-touch IPS панел со максимална резолуција од 1280×800. Сликата и приказот на бои е извонреден, но мана како и кај сите останати сјајни диспеи е отежнатата работа на јака дневна светлина. Пробавме да го користиме на сонце и работењето беше отежнато. Кога имаме потемна површина нешто може да се работи, но на бела позадина тоа беше невозможно.

Оваа аномалија е присутна како што кажавме кај сите уреди што користат сјаен екран на допир, па затоа нема да му ја запишеме на QUART како негов недостаток. Работењето во темна просторија и под вештачка светлина е без никакви потешкотии.

Оперативен систем и тестови

QP 1070 користи Android 4.0.3 со можност за надградба. По првото стартување ќе наидете на препознатливиот Android интерфејс со стандaрдните апликации кои следат со него. Менито е прегледно со црна позадина. Таблетот располага со 1 GB RAM меморија и 16 GB простор.

Поради auto-rotate опцијата и големиот дисплеј, сурфањето е лесно. Без никаков проблем можете и да изгледате некој филм, па дури и да пишувате текстови. Таблетот доаѓа со стандардниот софтвер на кој нема да се задржиме. Можеме да ја спомене поддршката за кирилична тастатура која може да се најде во секојдневното работење.

Сите нас покрај надворешниот изглед не интересира и какви перформанси носи еден уред. За таа цел QUART QP 1070 беше тестиран и оптеретен со неколку benchmark апликации. Сите тестови се пуштени по 3 пати и земен најдобриот резултат.

  • AnTuTu Benchmark
  • CF-Bench
  • PassMark Performance
  • Super Pi
  • Vellamo
  • Quadrant
  • AnTuTU 3D rating

AnTuTu Benchmark

CF-Bench

Има улога да го оптерети целиот систем парциално.

PassMark Performance

Оптеретување на систем и брзина на запишување/читање податоци.

Од досегашните тестови можеме да заклучиме дека перформансите му се средни. Во споредба со скапите модели 1070 се држи на перформанси на систем, сјаен е во 2Д, солиден во 3Д и просечен во читање/запишување на податоци.

Super Pi

Vellamo

Еден од поверодостојните тестови кога е во прашање гафички приказ и HTML5 поддршка.

Quadrant

AnTuTU 3D rating

Апликација кој тестира 3Д способности на уредот.

Од целото тестирање можеме да заклучиме дека се работи за доста конкурентен производ кој има потешкотии да се справи со големи податоци кога наидува на екстремно оптеретување, додека обработката со помали податоци е одлична и брза. Вкупна оценка од тестирањето би била 7/10. Батерија издржа 24 часа константно користење, при секојдневно користење издржа до 3 дена.

Заклучок

QP 1070 е таблет компјутер кој знае да привлече внимание со својот изглед, да задржи поглед со својата големина и да освои со своите перформанси. Ако сте корисник кој нема екстремни критериуми при изборот на таблет и истиот го користите за забава пред работата, тогаш тоа е таблетот што треба го имате. Цената што овој таблет ја има, во пракса ја оправдува, уште кога би имал и добра камера и барем 32 GB меморија дефинитивно би бил вистински избор за сите. Доколку сте напреден корисник кој ги следи технолошките достигнувања, тогаш ќе ја заобиколите оваа понуда и ќе одвоите поголем буџет за вашиот нов миленик.

Позитивно

  • Убав дизајн,
  • Ултра тенок,
  • Две камери,
  • IPS панел со Multi-touch,
  • Батерија држи скоро 3 дена,
  • Пристојна цена,
  • 3G.

Негативно

  • Лош квалитет на камерите,
  • Доаѓа со стара верзија на Аndroid,
  • Нема поддршка за update на firmware,
  • Недоволно меморија.

Таблетот на тест ни го отстапија AMC компјутери, голема благодарност до нив.

5 коментари на “Прв поглед на QUART QP 1070 таблет компјутер

  1. Да, да, idle 43%. тоа не е константно користење. ни 3 часа нема да издрже таблетот при активно сурфање и гледање видео.

  2. малку подобро кинеско ѓубре. а и каква е таа батерија што трае 24 часа на 10 инчен таблет, ни најскапите таблети не држат толку долго.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии