Следува уште една рецензија на уред од Patriot , бренд кој на пазарот се популаризираше со квалтетната изработка на мемориски модули, SSD и HDD. Она на што ќе обрнеме внимание овој пат е портабилниот хард диск PYRO Second Edition.

PYRO SE за разлика од првата серија има неколку мали измени кои ги подобруваат перформансите. PYRO SE има дополнителна изведба на NAND флеш мемории што овозможува контролирање со нов SandForce SF-2281 контролер. Тоа овозможува PYRO SE да понуди најдобри брзини во читање до 550 MB и пишување до 520 MB. Исто така овозможува и TRIM поддршка, DuraClass технологија и DuraWrite технологија.

Спецификации

  • Капацитет: 60 GB, 120 GB и 240 GB;
  • Перформанси: Max Read: up to 525 MB/s; Max Write: up to 500 MB/s; Random Write 4 KB: 45,000 IOPS; Maximum 4K Random Write: 85,000 IOPS
  • NAND MLC NAND Flash;
  • Interface SATA 6 Gbps / Backwards compatible 3Gbps;
  • TRIM Support;
  • Seek Time .1ms;
  • Дизајн: Design Slim 2.5″ design;
  • Димензии: 99.8 x 69.63 x 9.3mm;
  • Тежина: 77g;
  • Tемпература: Operating Temp 0°C ~ 70°C; Ambient Temp 0°C ~ 55°C; Storage Temp -45°C ~ 85°C;
  • Е.eнергија: 2.7W Active, 1.5W Idle;
  • Отпорност: До 1500G;
  • Компатибилност: Windows 7, Vista, XP, Mac OSX и Linux;
  • MTBF: 2 million hours;
  • Гаранција: 3 години;
  • Цена: 9420 ден.
Изгледот на дискот изгледа скоро идентично какo и првата серија на PYRO. Се испорачува во 2,5-инчна кутија зацврстен со gun metal црно куќиште. На средината има напепница на која обавезно е напишан моделот, капацитетот и SATA III поддршката. Кога ќе ги свртиме дискот на задната страна ќе приметиме уште една налепница на која што има сериски броеви како и firmware броеви заедно со стандардните предупредувања и известувања. На двете бочни страни како и кај сите 2,5-инчни уреди може да се забележат дупчиња за прицврстување за вашиот компјутер или лаптоп. Надворешниот опис ќе го завршиме со SATA SSDs конекторите: конекторот за пренос на податоци и конекторот за напојување на уредот.

Во внатрешноста на удерот има PCB на која се наоќа SandForce SF-2281,покрај него постојат и 8микрони ONFI мемориски чипови. Постојат вкупно 16 25 nm multi-level cell (MLC) NAND flash мемориски чипови распоредени на двете страни. NAND е економочен дизај за користење 23nm MLC Flash синхрони, што ги зголемува перформансите на дискот. Капацитетот на секој NAND чип е до 8 или 16GB во зависно од моделот, што значи дека over-provisioning на дисковите е околу 6%, што значи дека конечниот капацитет ќе биде нешто помал од оној наведениот.

Тест на перформанси

За да истестираме еден SSD и истиот да има добри перформанси е важно и хардверот на кој тој диск ќе биде уклучен.Потребно е плочата да подржува SATA III за да може да се извлече максимумот на перформанси од дискот.

Системот на кој јас ќе тестирам е следниот:

  • Asus Maximus IV Extreme-Z;
  • Intel Core i5 2500k;
  • 4GB Kingston Genessise 1600MHz;
  • Sapphire 6870HD;
  • Frio;
  • WD 1TB c.green;
  • CM silent pro 600w;
  • Windows 7 64bit.

Програми користени за тестирање:

  • Windows 7 Boot & Shut Down;
  • HDTune;
  • AS ATTO;
  • File Copy: 100MB, 500MB, 1GB;
  • AS SSD;
  • PCMark Vantage & 7.

Windows 7 Boot & Shutdown

Со овој тест е измерена брзината со која се подигнува системот додека да се појави десктопот и се поврзе на интернет. Исто така е направен и тест за исклучување на системот со затворени сите апликации, и мерено е времето од кликањето на копчето за исклучување..

Од првиот тест можеме да приметиме дека на Pyro SE 120GB му се потребни 25 секунди за да го подигне системот и спреми за работа за разлика од обичен хард диск на кој му е потребно скоро минута да го направи истото тоа. Времето пак потребно за да се исклучи компјутерот е само 5 секунди за разлика од хард дискот на кој му беа потребни 10, што за модел со овој капацитет е навистинина импресивно.

HD Tune Read/Write

HD Tune е програма за тестирање хард дискови. Тестот ќе се состои од два дела. Првиот дел е читање, a вториот е пишување. Како за споредба ќе земеме уште два модели на SSD да се види разликата (резултатите од другите уреди се превземени до интернет). Во однос на пишување и читање Pyro SE дисковите не се најбрзи, но се драстично подобри од нивниот претходник Pyro.

Тeстирање читање од диск:

Тестирање запишување на диск:

ATTO

ATTO Disk Benchmark е тест кој мери перформанси на систем со стартување на различни големини и пренос за тестирање на запишување и читање. Од тестот можеме да приметиме дека резултатите се навистина импресивни.

Koпирање на фајл: 100 MB, 500 MB, 1 GB

Мерење на време на копирање на 3 фајлови со различна големина. Мерењето се врши од моментот до самото завршување на копирањето. Пресметката е во секунди и секако помало време е подобро. Тука нема дилема. Брзината на копирање е скоро иста како и кај сите останати SSD-a SATA 6G модули.

AS SSD

Од овој тест може да се види ефикасноста од новите модули кои го прават pyro SE подобар од неговиот претходник.

PCMark Vantage & 7

PCMark е парче софтвер кој овозможува да се спoредуваат перформанси од еден на друг систем.

Заклучок

Гледајќи од погоре прикажаното PYRO SE се носи одлично со своите конкурентски производи. Со вградените NAND мемориски чипови има одлични резултати при запишување и читање. Освен тоа PYRO SE доаѓа и со подршка за TRIM,E CC и IOPS со високи перформанси. Маните и недостатоците на овој ssd може да ги забележат само оние корисници кои се потпираат на темелни тестови и испитувања, додека сите останати ќе бидат задоволни од производот и за можеби превисоката цена која ќе ја платата за него.

Позитивно

  • Перформанси во секој поглед;
  • SandForce дизајн;
  • Поддршка за TRIM.

Негативно

  • Можеби негативната страна што е сè уште прилично скап.

Доколку сакате да го купите овој производ во продажното место на Mebius Компјутери имате специјален попуст за членови и читатели на IT.com.mk ;)

[youtube]uwxyhj8o7rs[/youtube]

Бонус

Вклучување на TRIM на SSD-а и вклучување на AHCI без реинсталација на Windows 7.

IDE to AHCI

  1. Вклучете regedit во run.
  2. Идете на HKEY_LOCAL_MACHINE / SYSTEM / CurrentControlset / Services
  3. Отворете msahci.
  4. Во десното поле кликнете на копчето start и идете Modify
  5. За вредност на data пишете 0 и кликнете ok.
  6. Излезете од regedit.
  7. Рестартирајте систем и во BIOS вклучете го AHCIMod.
После оваа постапка вашиот SSD уред ќе работи со полна пареја и со вклучен NCQ.Што се однесува до TRIM-от, тој се однесува нa фаза за бришење фајлови. Со вклучена TRIM опцијата се забрзува бришето, а со тоа се зголемуваат и перформансите на SSD уредот.

  1. Во run куцате cmd.
  2. Потоа внесувате команда: fsutil behavior set DisableDeleteNotify 0
  3. По притискањето на ENTER ќе се појави: DisableDeleteNotify = 0
SSD-то сега работи со вклучен TRIM. Доколку вашиот уред не подржува TRIM нема потреба да го правите ова.

3 коментари на “Прв поглед на Patriot Pyro SE 120 GB

  1. Резенција, меморијиски, додатна, MTBFЧ, спредуваат, "конкурентни производи", прозивод, битен…

    Го уништувате текстот со печатните и лексичките грешки…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии