Она што го издвојува Patriot HD Multimedia Player од другите вакви портабилни плеери, не е само што е направен од компанија која е познат произведувач на мемории со прифатлива цена за секого и соодветен квалитет, туку и тоа што поддржува целосна репродукција на видео со висока резолуција од 1080p, има поддршка за Dolby Digital и DTS сараунг звук, има внатрешна меморија преку 2.5″ SATA SSD/HDD, поддршка на видео репродукција преку UpnP мрежно стримање, и има можност за прелистување и споделување на видеа, слики и музика преку мрежни уреди, PC, USB или USB External Storage.

Морам да признаам дека првиот впечаток кога го стартував плеерот беше одличен. Многу прост и едноставен за ракување за да може било кој да се снајде. Секоја опција е јасно прикажана и нема скриени менија. Првото мени кое се пали на почетокот не води до прелистувачот каде што избираме што ќе правиме понатаму – дали ќе слушаме музика, ќе гледаме слики или ќе гледаме филмови.

Со селектирање на една од опциите се отвара менито каде не прашува од каде да ги црпи информациите дали од USB, хард диск или преку мрежа. Начинот на копирање од едно место во друго односно од USB во HDD е многу просто направено за да може секој да се снајде, слично е како програмите од типот File Transfer од лева страна се избира изворот, односно она што треба да се копира и од десна страна бираш во што да копира, дали ќе биде тоа USB, HDD или преку мрежа. По тоа веднаш може да се започене со гледање на саканиот филм или да слушаме музика.

HD Multimedia Player поддржува бројни формати, скоро и да нема формат кој не го поддржува: WMA, MP3, Real Audio (Ra), EAV, OGG, ACC, FLAC, JPEG, BMP, PNG
[MPEG-1] MPG/MPEG/DAT, [MPEG-2] MPG/MPEG/VOB/ISO/TS/TP/M2TS, [MPEG-4] MP4/AVI/MOV, WMV9, FLA, [H.264/AVC] MKV/TS/AVI/MOV/M2TS, [DviX 3/4/5/6, Xvid] AVI/MKV,
[Real Video 8/9/10] RM/RMVB… Дури има и поддршка на веб сервиси како:Flickr, Stocks, Video News, Video Podcasts, Weather, Picasa, RSS (+20 video feeds)…

Плеерот има и Setup мени кое е поделено на Audio мени, кое има опции за Digital Output, Video мени во кое се подесува Aspect Ratio, може да се зумира, се мести контрастот, резолуцијата, Digital Noise Reduction и Networking мени со можност за бирање на која мрежа може да се поврземе, и има поддршка за дирекна конекција со интернет преку PPPoE. Има и System мени има куп опции за сетирање на плеерот, како HDD Format, избор на јазик и неопходното Restore Default за враќање на опциите откако ќе си поиграте со нив.

Го тестиравме плеерот на 42-инчен Full HD LCD Телевизор. Пуштивме FullHD филм за да видиме како се снаоѓа. Она што видовме беше филм кој префектно мазно се движеше, немаше сецкања на слики, сцени и проблеми со преводи, а звукот беше феноменално добар (поврзано со оптички кабел во двд-плеер).

Со оглед на тоа дека порано склопувавме цели конфигурации за обработка на FULLHD филмови/снимки за да правиме домашно кино кое би работело 24 часа, сега истото го имаме во минијатурна кутија кое може да го носиме во џеб. Најважното е тоа што е безвучно поради тоа што нема додатни кулери за ладење, компактно и лесно за инсталација. Уредот е со прифатлива цена за сите оние кој уживаат да гледаат HD или Full HD филмови и спотови. Одлично за секое семејство, уред кој секој треба да го поседува.

Благодарност до Мебиус Компјутери, главниот увозник на Patriot производи, кој ни овозможи да направиме рецензија за овој производ. Сите членови и читатели на IT.com.mk можат да го купат овој производ со попуст од 5 отсто. Сите додатни информации кои сакате да ги дознаете за овој производ можете да ги добиете на следниов телефонски број 02/3090-517.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии