Прв поглед на OCZ Vector SSD од 256 GB

(Гостинската рецензија е првично објавена на форумот на It.com.mk од Olikomerc. За дискусија, други детали, повеќе слики и прашања, повелете на форумот.)

Во оваа рецензија ќе се запознаеме одблиску со новиот SSD диск Vector од компанијата OCZ во која од неодамна се случија неколку значајни промени. Откако беше назначен нов главен директор на чело, Ралф Шмит, компанијата сега е повеќе фокусирана на квалитет отколку на квантитет на производство. Сега продуктите ќе поминат низ поголем период на тестирање и валидација пред да бидат пуштени во производство и продажба, за разлика од претходните неколку години.

Новиот OCZ Vector е лансиран како директен конкурент на моменталниот лидер во ентузијастичкиот сегмент на SSD дискови, Samsung 840 Pro, а тоа се покажува како со неговите перформанси во тестовите што следуваат така и во ценовниот ранг. Во неговиот развој се вложени 18 месеци наместо стандардните 12, со цел да се даде приоритет од аспект на компатибилност, сигурност и издржливост. Така компанијата го разви новиот контролер Barefoot 3 Indilinx, за разлика од претходникот Vertex 4 кој беше базиран на Indilinx Marvel IP контролер кој не беше резултат на нивен личен дизајн и развој. OCZ дури гарантира дека дискот ќе издржи секојдневно запишување и до 20 гигабајти податоци во наредните 5 години или 36,5 терабајти податоци вкупно.

Имено, Barefoot 3 контролерот е резултат на три различни тимови кои работеа заедно, првиот тим од Англија, вториот од Јужна Кореја и третиот тим од Калифорнија кадешто и се составија трите тима за да успешно го интегрираат Barefoot 3 во Векторот.

[youtube]vFiFmM4oYik[/youtube]

Технички спецификации:

  • 128GB, 256GB, 512GB
  • Sequential Read1 550 MB/s 550 MB/s 550 MB/s
  • Sequential Write1 400 MB/s 530 MB/s 530 MB/s
  • 4k Random Read290, 000 IOPS100,000 IOPS100,000 IOPS
  • 4k Random Write295, 000 IOPS95,000 IOPS95,000 IOPS
  • Капацитет: 256GB
  • Мемориски чипови: NAND MLC
  • Интерфејс: SATA III / 6Gbps
  • Дизајн: 2.5 inch; ultra-slim 7mm
  • Димензии: 99.7 (L) x 69.75 (W) x 7mm (H)
  • Тежина: 115g
  • Контролер: Indilinx Barefoot 3
  • Оптимизации: TRIM, Idle Time Garbage Collection
  • Потрошувачка: Во мирување: 0.9W Под оптеретеност: 2.25W
  • Плус вклучено: Acronis cloning software registration key; 3.5″ десктоп адаптер

Пакување

Внатре во црно сунѓересто-картонско куќиште се наоѓа драјвот, упатството, шрафчиња за монтирање и 3.5″ адаптер, како и клуч за активација на Acronis Cloning Software и стикер лепенка.

Што се крие „под хаубата“

Тест на перформанси

Системот за тестирање е следниот:

  • Gigabyte B75-D3V
  • Intel G540
  • 8GB DDR3
  • 1TB HDD Toshiba 32MB 7200rpm
  • CM GX 500W
  • Windows 7 64bit SP1
  • Latest Drivers

Најпрво ќе ги презентираме тестовите само од OCZ Vector, а подолу ќе направиме и една споредба со други драјвови кои може да се најдат кај нас.

Тестови со AS SSD и Crystal Disk Mark:

Од тестот може да се види добриот резултат во Write тестовите, кај 4к и 4к-64Thrd тестирањата.

PCMark Vantage 64-bit Trace

Со овој тест ќе направиме бенчмарк на сториџ перформансите и со него ќе се покаже како се покажува SSD-то при секојдневна работа со компјутерот, т.е. ќе се добие поточна и најдобра претстава за перформансите во реално сценарио.

Споредба со други SSD дискови

Read Test.


Write Test.

За крај неколку тестови од познати светски сајтови

Заклучок

Моментално на пазарот на SSD дискови, OCZ Vector заедно со Samsung 840 Pro се на врвот на скоро сите тестови и бенчмаркови. Со тоа обидот на компанијата OCZ со новиот контролер и новите производствени техники засега се покажа како успешен, а за понатаму останува времето да покаже. Vector има прилично висок резултат во 4К и 4К-64Thrd тестовите на запишување, а исто така се истакнува и со краткото време за пристап од околу 0,04 милисекунди во просек. Како што може и сами да видиме на тестовите разликата помеѓу 840 Pro и Vector е мала, а она што може да се прочита по специјализираните сајтови и форуми е дека Vector дури е и во блага предност во I/O тестовите кои се исклучително добри како и во Write тестовите и неговото брзо време на пристап. Ова може да се прочита на реномираните сајтови како guru3d, anandtech итн.

Се на се јас сум презадоволен од дисков и истиот ги исполни моите очекувања. За крај само да напоменеме дека единствената маана му е високата цена, но во наредниов период би требало да се случи и пад на цените.

Позитивно:

  • Одлични перформанси во секој поглед;
  • Одлични резултати во секвенционален и 4к запис;
  • Останува брзо без оглед на типот на податоци;
  • Исклучително добри IOPS перформанси;
  • 7мм дебелина – може да се стави и во ноутбуци;
  • 5 годишната гаранција;
  • Acronis TrueImage HD лиценцата.

Негативно:

  • Високата цена.

Благодарност до Anhoch кои го отстапија примерокот за тестирање.

4 коментари на “Прв поглед на OCZ Vector SSD од 256 GB

  1. Olikomerc….

    Човече!!!

    Па барем потруди се да скриеш од каде си го направил плагијатот.
    http://hexus.net/tech/reviews/storage/50753-ocz-v

    или барем навееди го.
    Така барем ќе личи дека демек си направил истражување.

    А вака се чини дека не си направил ни еден бенчмарк.

    Инаку ако арем и малку читаше лево десно OCZ, е компанија во тешки финансиски проблеми.

    Конкретниот модел што го “разгледуваш“, според искуства од многу корисници е многу проблематичен и луѓето морале да го вратат (под гаранција), а загубата на податоци да ја истрпат. Проблемот во Македонија е што доколку му се случи нешто слично на некој од нас, твојот спонзор никогаш нема да ја испочитува гаранцијата и не верувам дека некој ќе може ни парите да си ги поврати, а да не зборувам за загубата на податоци, и времето изгубено во преинсталации.

    Поздрав до невештиот плагијатор

    1. Имам кажано во самата рецензија дека некои слики и тестови за преземени од интернет, а поголемиот дел се лично мои слики и тестови, а на крајот на ривјуто и точно наведени сајтови од кои имам извадено некои информации.

      За SSD-то колку е квалитетно, може да најдеш Feedback од корисници, така да како за други марки и модели така за и ова е нормално да има дефектни модели, не гледам ништо чудно тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии