Прв поглед на Moto 360 Sport, паметен часовник кој сака да биде фитнес додаток

Moto 360 Sport е најновата верзија на паметниот часовник на Motorola кој ќе се продава веќе од 7 јануари, и ќе биде првиот нов уред кој ќе биде достапен во 2016 година. Овој пат наместo изглед на класичен часовник, Motorola креираше модерен фитнес додаток кој малку наликува на играчка, но ова не е лошо, вели ArsTechnica. 360 Sport претендира повеќе да биде фитнес додаток отколку часовник, и доаѓа со 1,37 инчен екран со резолуција 360х325. Како и останатите часовници од Motorola, има празен долен дел на кој нема екран.

„Можеби изгледа на играчка, но тоа е најдобрата работа со овој сериозен фитнес монитор и сериозен часовник, уредот добро ги спојува овие можности, а силиконското ремче прави часовникот да биде удобен и отпорен на вода“, вели ArsTechnica која го рецензираше уредот.

mot-moto360-sport-featurexp-heartrate-d

Moto 360 Sport е еден од првите часовници што можат да се користат и со iPhone и е доста лесен за користење. Сѐ што треба да направи корисникот по поврзување на часовникот и телефонот е да ја вклучи апликацијата да избере дали вежба надвор или внатре. Во зависност од вежбите може да одбере програма за растојание, време на вежбање или потрошени калории, и да започне да вежба. Најдобар дел од вежбите е што дури и GPS-от на часовникот е независен, па телефонот воопшто не мора да биде во близина. Доаѓа со сензор за работа на срцето, вграден GPS, поголема издржливост и одличен хардвер.

Апликациите кои доаѓаат со додатоците за вежбање се најверојатно и поважни од самите уреди. Moto Body овозможува лесен преглед на статистичките показатели, од пулсот, до бројот на чекори, калории, и забележаните трчања. Иако може да се користи и за затворен и за отворен простор, апликациите и уредот подобро функционираат на отворено.

Она што најверојатно е најимпресивно е издржливоста на батеријата, при речиси постојано вклучен екран и активност батеријата трае 328 минути, надминувајќи го Huawei Watch за 3 минути на тестовите на Verge. Повеќе податоци за тестовите и првиот преглет на Moto 360 Sport на Verge, кој имаат ексклузивна можност малку порано да го тестираат часовникот.