Прв поглед на матичната плоча ASUS P8P67 Deluxe

Уште од само претставување на Sandy Bridge процесорите, се појавија и многу матични плочи кои се базиран на чипсет P67/H6 Express. Трите водечи производители ASUS, MSI и Gigabyte спремни ги дочекаа новите процесори LGA1155 модели. Овој пат ќе ви го претставам моделот ASUS P8P67 Deluxe, матична плоча која се покаже дека може да се носи со најдобрите популарни процесори на денешницата.

ASUS спремен ја дочека новата генерација не со една туку со серија плочи кои сами по себе спаѓаат меѓу најдобрите плочи за Intel процесори меѓу кои и DELUX верзијата на P8P67 серијата.

Технички карактеристики:

  • Процесор: Процесори Core i5/i7 втората генерација LGA1155
  • Чипсет: Intel P67 Express чипсет
  • Меморија: 4 x DIMM, макс. поддржан капацитет на меморија – 32 GB.
  • Максималната фреквенција: 2200 MHz (OC)
  • Слотови: 2 x PCIe 2.0 x16 (на x16 режим за една картичка или x8/x8 за пар), 1 x PCIe 2.0 x16 [црна] (работи во X4), 2 x PCIe 2.0 X1, 2 x PCI
  • Поддршка за мулти GPU: Поддржува NVIDIA SLI технологија и ATI CrossFireX (до 4 GPU)
  • Портови за складирање податоци: Intel P67 Express чипсет, 2 порта SATA 6.0 Gb/s (сива), 4-порт SATA 3.0 Gb/s (сина), со можност да се создадат низи RAID 0,1,5,10 ,Marvell PCIe 9128 SATA 6 Gb/s контролер со HyperDuo функција 2-порт SATA 6.0 Gb/s (celadon), контролор JMicron® JMB362 SATA порта 2x надворешни SATA 3.0 Gb/s (1 x порта-придвижуван eSATA) за поврзување на хард дискови, ATAPI не е поддржан.
  • LAN: 82 579 Intel Gigabit LAN со поддршка за двојна интерконекција, Realtek 8111E Gigabit LAN контролер
  • Bluetooth: Bluetooth v2.1 + EDR
  • Aудио: Realtek ALC889 8-канален High Definition аудио кодек
  • USB: NEC USB 3.0 контролер – 4-USB порта 3.0/2.0 (2 приклучоци за поврзување на предниот панел, 2 порти на панел) Intel P67 Express чипсет – 12 портови USB 2.0/1.1 (4 портови во средината на плочата, 8 портови на панелот)
  • Димензии: ATX 30,5 cm x 24,4 cm
  • Цена: ~11.300 ден.

Пакување

Со светли, помалку агресивни бои, P8P67 Deluxe кутијата ќе го импресионира секој посебно што од сите страни е полна со информации и карактеристики за матичната плоча. Со отварањето на горниот капак ќе наидете на транспарентно прозорче пред кое се гледам квалитетот на високата технологија на оваа плоча.

Во внатрешноста ќе ве пречека плочата која е спакувана во анти-статичка торбичка, а под неа сите додатоци кои следат со плочата. Од првиот поглед фрлен на плочата, без желба да лажно гаиме чувство на „фанбоизам“ од плочата добиваме се што очекувавме.

Во кутијата е сместено: Матичнна плоча ASUS P8P67 DELUX, Упатство за користење, Digi + VRM / BT Go! упатство за користење на софтверски компоненти, Quick Start водич за инсталација, DVD до драјвери и соодветен софтвер, четири кабли SATA 6Gb/s, Два кабли SATA 3Gb/s, Една метална кутија 3.5” со два порта USB 3.0, еден SLI bridge, сет од два конеткрори ASUS P-port и задниот панел.

Прв поглед на плочата

Плoчата плени уште од првиот поглед. Прецизно распоредените делови на темно-кафенатa плоча го зацврстува чуството на перфекција. Сините детали и ладилникот на VRM единицата е осмислено и изработено со таков стил што додека ја држите во рацете ви дава чуство на несекојдневна глетка. Се е баш онака како и очекувавме од една плоча која припаѓа на Премиум класата.

Оваа плоча поседува четири слотови за DDR3 меморија со стандардни мемориски фрекфенции од 1066/1333/1600/1866 (OC)/2133 (OC)/2200 (OC). Слотовите се направени во сина и црна боја, за dual-channel мод треба да ги инсталирате модулите во слотовите со иста боја. Максималната дозволена е 32 GB. Тука се наоѓа и 20+4 конектор за напојување на матичната плоча како и тастерот MemOK!, кој во случај на било каков проблем со меморија ви овозможува автоматски да га прилагодите подесувањата на меморијата за успешно да се покрене системот.

Поврзувањето со SATA уредите можете да го направите со осумте конектори кои се поделени во различни бои кои имаат и различно значење. Шест конектори се Intel P67 Express (4 SATA 3.0Gb/s SATA 2 и 6Gb/s и останатите два се Marvell PCIe 9128 SATA 6Gb/sec. Тука е и конекторот за USB 3.0

На дното од плочата се наоѓаат тастери за Power и Reset, како и EPU прекидачот. Тука е сместен и малиот диспеј на кој се прикажува статусот на системот, и грешките кои ги дава истиот. Потоа долниот десен агол е резервиран на Realtek ALC889 аудио кодекот како и аудио панел конекторите и SPDIF Out.

Само колку за потсетување овој модел не поседува видео излез со интегрирано графичко јадро во самиот процесор, но затоа има поддршка за мулти-тегнологија SLI и CrossFireX. За таа цел плочата има три слотови PCI-E x16. Покрај овие слотови кои работат според формулата 8-8-4 линија PCI-E, има и уште два PCI-E x1 како и два редовни PCI.

Нешто што не смееме да го заобиколиме е модулот за регулација на напонот кој го снабдува процесорот чип со електрична енергија. Неговата задача е да го снабдува процесорот со енергија и да му овозможи стабилна работа. За да овој контролер знае кога и колку енергија му е потребно на чипот мора да биде добро осмеслена и имплементиран. За таа намена ASUS P8P67 Deluxe користи специјално проектирани за прв пат применета ASUS Digi + VRM технологија.

Напредниот дизајн на VRM модулите е видлив и визиуелно. Впечатлив е во интензивно сина боја алумински ладилници обкружени околу подножјето на LGA1155.

На задниот панел на плочата може да се видат богата и разновидна колекција од конектори тука се:

  • Еден PS / 2 за тастатура или глувче
  • Еден оптички S / PDIF конектор
  • Еден коаксијален S / PDIF конектор
  • Осум слотови USB 2.0;
  • Две конектори USB 3.0;
  • Две конектори eSATA;
  • Еден индикатор – антена модул Bluetooth;
  • Dual Gigabit Ethernet RJ-45 конектори;
  • Шест аудио приклучоци Мини приклучок.
  • Едно копче ClrCMOS.

BIOS

Кога станува збор за BIOS-от и оваа плоча како и сите понови од ASUS имаат EFI (Extensible Firmware Interface) BIOS. За разлика од останатите BIOS-и овде има графички интерфејс во стилот на Windows оперативниот систем. За BIOS-от во една друга прилика имавме кажано подетално. Широкиoт спектар на опции за управување и за оверклок ги има и оваа плоча

Сo отварањето на BIOS-от ќе ви се отвори првиот дел каде имате увид на темпeратурата и вртежите на вентилаторите, заедно со модот за „штедење“ на енергија, како и мени за избирање на бутабилност. За да влезете во главното мени отидете на Exit/Advanced mode и тука ве пречекуваат бројните опции. Во главниот делот можете да го промените јазикот на BIOS-от (македонски го нема, за жал). Тука ќе го сетирате и времето и датумот. Можете да видите колку меморија имате, на која фрекфенција работи како и верзија на BIOS-от итн.

Вториот таб AI Tweaker е наменет за менување на напони, фрекфенции, коефициенти или со еден збор ОВЕРКЛОК. Да не се задржуваме премногу можете сами да си прочепкате ќе налетате на многу интересни и корисни опции.

Следниот таб Advanced преку кој се конфигурираат сите конектори и уреди поврзани на нив како и конфигурација на процесор. Потоа табот Monitor e резервиран на надгледување и контрола на температури и вртежи на вентилатори, како и опции за исклучување и уклучување на одредени вентилатори. Понатаму ќе наидете на Boot табот. Таму се подесуваат параметрите за подигнување на системот.

И на крај следи табот Tools. Тука може да ги најдете сите додатни алатки како што се ASUS EZ Flash, OC профил кој ви овозможува зачувување на направените подесувања на стабилен оверклок, и истите активирање без повторно да се мажите да правите исти подесувања.

Тестови

Тестирањето на матичната плоча ASUS P8P67 deluxe е правена на следнава конфигурација:

  • Процесор: Intel Core i5-2500K 4900 MHz;
  • Cooler: Tt Frio;
  • Матични плочи: Asus P8P67 Deluxe;
  • Меморија: Kingston 4Gb (2x2GB 1600Mhz;
  • Графичка: Sapphire HD 6870 1GB DDR5
  • Хард диск: Western Digital WD1002FAEX (1 TB);
  • Напојување: Cooler Master Silent pro 600w;
Моменталниот клок на кој системот беше стабилен за време на тестирањето беше 4.9 Ghz ок клок очекуваме многу добри резултати со него. Сетинзите во BIOS:

  • CPU Manual Voltage – 1.400 V;
  • DRAM Voltage – 1.650 V;
  • VCCSA Voltage – 1,04375 V;
  • VCCIO Voltage – Auto;
  • CPU PLL Voltage – Auto;
  • PCH Voltage – Auto.
Тестовите ќе ги поделам во 2 категори. Првата е 2D тестови каде ќе бидат опфатени тестови на соодветни програми, и втората категори се 3D тестови каде ќе биде тестирана на игри. За споредба земени се две плочи од различни производители, но во иста категорија.

7ZIP

Тестирњето е извршено со 9.2 верзија на распакување и пакување папка со иста големина.Послаб резултат е подобар.

Аfter Еffects CS5

Тестирање за видео обработка. Земено е видео во 1080p на кое се врши видео обработка. Помала вредност е подобра.

Cinebench

Како се покажува при видео тестови. Поголем резултат е подобро.

USB 3.0

Ова е тест со кој сакавме да провериме дали има разлика во читањето и запишувањето на 3.0 usb уредите, на различни плочи. Повеќе е подобро.

S.T.A.L.K.E.R

Тестовите направени врз 3D основа т.е игри, се направени со исти подесувања на две различни резолуции. Мерењето се врши по фрејмови во секунда.

DiRT 2

Намерно е земена постара игра која има сопствен енџин. Играна на две резолуции со Dx11. Мерењето се врши по фрејмови во секунда.

Од тестовите може да се забележи дека во скоро сите тестирање ASUS P8P67 Deluxe води пред другите, или е изедначено. Направени се мерења на потрошувачка на струја, температура при нормална работа и визуелен приказ за стабилен оверклок. Потрошувачката на енергија кај Delux е нешто поголем од останатите два конкурентни модели, но со оглед на тоа што функции има можеме да му прогледаме низ прсти.

Ама затоа нема апсолутен никаков проблем кога станува збор за ладењето. Delux е апсолутен победик на тоа поле.

Од следниот графички приказ можете да видите и како се однесува оваа плоча кога е оверклокот во прашање. Таа победи и во оваа категорија.

Заклучок

Дружењето со матичната беше одлично. Ми остави впечаток на перфектно добра изработена плоча на која секој дел е искомпониран да си ја врши работата беспрекорно. Одличен EFI BIOS кој преплавува со опции. Плоча наменете за секого кој сака да вложи и да ужива во квалитет и перформанси, одличен избор за корисници кои од компјутерот заработуваат, и за оние ентузијастите кои пасија им е високиот работен такт на процесорот. Нешто што можеби не ме импресионираше, како аудиофил е звукот. Тој иако е 8 канален не се разликува ништо повеќе од поефтините варианти на плочи, но не значи дека нема да ги задоволи потребите на оние кои не бараат перфекција. Сè на се за околу 11.300 ден., довивате плоча која ќе плени и со дизајн и со функционалност. Можеби и цената не е така прифатлива, ама сепак секој денар вреди откако ќе ја старутувате оваа убавица.

Позитивно

  • Дизајн
  • Функционалност
  • BIOS
  • Одлично ладење
  • Уникатен регулатор на напон
  • Уште многу други

Негативно

  • Цена(не прифатлива за секого)
  • Темно-кафената позадина нема да му се допадне на секого
  • Звукот нема да ги задоволи најпребирливите.

2 коментари на “Прв поглед на матичната плоча ASUS P8P67 Deluxe

  1. Solidna kolicina na informacii, no, pred da se postira, moze edno skeniranje za otstranuvanje na nekoi pravopisni greski napraveni vo brzanje. Se gleda deka ne se brzalo so pravenjeto na recenzijata, no se brzalo so pisuvanjeto na vpecatocite.
    Ovaa recenzija mi se dopadna poveke od prethodnite, mi deluva pobogato.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии