Кога станува збор за монитор за широка употреба, асортиманот на производи е голем и евтин, па така лесно може да се најде она што го барате. Меѓутоа производителите често обрнуваат внимание и на професионални монитори кој се наменети за таргетирана група на корисници. Серијата на модели на монитори од Аsus ProArt е токму наменет за професионални фотографи, дизајнер и креативни луѓе кои имаат префинет и изострен вид на кои им треба монитор со квалитетен IPS панел и одличен приказ на бои. По излегувањето на PA246Q, излезе и неговиот помал следбеник PA236Q кој веќе има LED-осветлување и 23-инчен дисплеј. Токму овој модел е денеска на тест да видиме што ќе понуди како полупрофесионален монитор од средната класа.

Спецификации

  • Модел: Asus PA238Q
  • Вид на дисплеј: P-IPS
  • Дијагонала: 58,4cm (23 внатре)
  • Големина на екран: 23″ WIDE
  • Макс. резолуција: 1920х1080 / 60 (full HD)
  • Сооднос: 16:9
  • Контраст: 1000:1 (DC 50 000 000:1)
  • Осветленост: 250 cd / m 2
  • Response time: 6ms
  • Агол на гледање: 178/178
  • Бои: 16,7 милиони
  • Интерфејс: Аудио / видео влез DisplayPort (В. со HDCP, 1.1A), Видео DVI-D (со HDCP), Аудио / Видео влез HDMI, VGA видео влез, Излез за слушалки (мини-џек 3,5 мм приклучок) и x2 USB 2.0
  • Бoја: Црна
  • Димензии: 548,8х495,7х201
  • Тежина: 5.5kg
  • Гаранција: 24 месеци
  • Цена: 15.990ден

Пакување

Спакуван во црна картонска кутија со правоаголна форма. На двете главни страни има лого и модел на производител, приказ на монитор, прикажани глaвни карактеристики и ергономија на мониторот. На бочните страни се прикажани само модел и некои од најважните карактеристики на мониторот. Во внатрешноста доаѓа безбедно спакуван монитор и „еден куп“ кабли и додатоци. Пакетот содржи монитор, DisplayPort кабел, DVI-D кабел, VGA кабел, Кабел за напојување, USB-кабел, HDMI кабел, CD, cable tie, упатство за употреба и гарантен лист.

Изглед

Строго избалансиран дизајн со остри ивици. Целосно обвиткан во црна мат пластика група да допир со ситна текстура околу дисплејот и една црвена декоративна линија по должина на долниот раб, симболизирајќи монитор од ProArt серијата. Во оваа рамка е смстен мат IPS дисплејот со LED осветлување. На долниот десен дел од предната страна се наоѓаат вертикален ред од копчињата за подесување како и статус индикатор. Од левата страна се наоѓаат двата USB 2.0 портови.

Сите останати конектори се наоѓаат на задната дола страна широки и ориентирани надолу лесно достапни за поврзување. На задната страна има и голем број на отвори за пасивно ладење на мониторот.

Подесувањата на мониторот и целосната изведба на стендот наликува како кај моделите на Dell. Екранот можете да го подесите во опсег од -5 до +20°, во подножjето на мониторот може да го ротирате лево-десно до 60°. Мониторот може да се подесува и вистински за дури цели 10 cm, а екранот може да се ротира до 90°. Се на се ергономијата на мониторот е одлична.

Може да се забележи исто така дека мониторот има способност да се прикачи на ѕид со стандардниот VESA отвор за монтажа, со што дизајнерите на овој монитор обезбедиле одлично приспособување во зависност од потребите на корисниците. Тежината на монитирот со се држачот е 5,5 килограми.

Функционалност

Asus PA238Q користи голем формат (сооднос 16:9), IPS панел со диjaгонална големина од 23 инчи (58.4cm) и резолуција од 1920×1080 пиксели (големината на еден пиксел е 0,2652 mm). Освен тоа PA238Q користи и бело LED позадинско осветлување. Се верува дека во споредба со монитори кои користат флуоресцентни светилки CCFL, мониторите со LED позадинско осветлување во некои случаи имаат поширок опсег на бои, подобра репродукција на боите и помала потрошувачка на електрична енергија.

Само ќе напоменеме дека постојат два типа на LЕD осветлување, врз основа на бели и обоени LED диоди. Обоените диоди најчесто се користат за јако изразување на GRB, тие се користат во high-end професионални монитори. Вториот тип на осветлување дава широка светлинска покриеност, но дидоите се распоредени на страните на дисплејот (најчесто горе и доле) и емитираат светлина кон транспарентен полимер, специјално перфориран.

Да се вратиме на нашиот монитор. Asus PA238Q никаде во документацијата не се спомнува каков вид на осветлување користи, но со оглед на цената и со податоците најдени на интернет се работи за бели LED диоди. Според спецификации максималната осветленост на мониторот е 250 cd/m2, а нивото на динамичен контраст 50 000 000:1. Во терминологијата на Asus контрастот е наречен Asus Smart Contrast Ratio (ASCR). Потсетуваме дека статички сооднос на контрастот на LCD панелот е дефинирана како однос на светлост на црно и бело. Разликата меѓу концептите на статички и динамички контраст е дека во првиот случај, осветленост мерењата треба да останат непроменети.

Затоа статички сооднос на контрастот е карактеристика на LCD-екранот. Во случај на динамичен контраст осветленоста на црно и бело се мери посебно, што е на различни нивоа на осветленост. Со цел да се зголеми динамичкиот сооднос на контрастот, потребно е да се намали луминозноста на црно – ова е лесно да се постигне со намалување на светлината на осветлување на минимум. Како резултат на тоа вредноста на динамичен контраст секогаш ќе биде многу повисока од статички.

Друга важна карактеристика на ASUS PA238Q е аголот на гледање, кој изнесува 178° и вертикално и хоризонтално. Да напоменеме дека во овој случај станува збор за агол на гледање, што се мери со класичниот метод на пресметување агли за да се намали статички контраст (CR?10). Тој ограничен агол на гледање одговара на насоката за која е намален контраст за 10 пати во споредба со нивото на контраст, мерено нормално на површината на екранот. Response времето е 6ms мерено по метод Gray-to-Gray, GTG типично за IPS панели.

Мени и софтвер

Менито за навигација е релативно лесно. При првото уклучување на мониторот во менито се е подесено по дифолт, ваше е само да си наместите мод на прикажување и контраст, доколку не ви одговара стандардниот. Покрај тоа ASUS PA238Q има и QuickFit, што всушност ви дава визуелен приказ на одреден документ/текст би изгледал во на пример A4 формат или решетката од сантиметри и инчи која олеснува работа при точно определени параметри.

Од првиот таб Splendid од менито се мести мод за прикажување на слика. Имате пет фабрички калибрации на sRGB.

Во Color табот се подесуваат контраст, осветленост, гама и останати параметри за прикажување на боја и осветленост. Мора да се спомне и опцијата за „слика во слика“ преку која ќе можете да гледате два отворени прозорци на мониторот. Во последниот таб System setup се избира јазик на менито, информации како вклучување/исклучување на Splandid Demo Mode.

Тестови

За да можеме да оцениме и сумираме дали Asus PA238Q е производ кој вреди за парите мора да видиме како тој ќе се покаже на тестовите на кои го ставивме. Во текот на тестирањето од мониторот се мерени следниве карактеристики:

  • Максимална и минимална светлина
  • дијапазонот на боите на мониторот.
  • Црни и бели дамки

Максималната и минималната осветленост

Масималната и минималната осветленост кај LCD мониторите може да се мери на повеќе начини, на пример со различна вредност на температури на боја и различни профили на мониторот и од тука да се добијат и различни вредности. Mерењето се вршеше со земање на една точка од средината на мониторот и со помош на basiCColor Display 4.1.9 определена максималната и минимална освелтленост на мониторот.

Подесувањата на калибратор за Веб дизајн:

  • Бела точка D65
  • Тонски опсег sRGB IEC61966-2.1
  • Неутрони Бела макс(120 cd / m 2), црна минимална

Подесувања на LUT based:

  • Тип на профил 16-бит LUT
  • Хроматска адаптација CAT02

По калибрирањето и креирањето на проофил користејќи basiCColor Display 4.1.9 измерена е максимална и минималната осветленост во центарот на екранот. При мерење на максимална осветленост, подесувањето на контрастот и осветлувањето во просторијата е на 100%, а при мерење на минимална освелтленост на 0%. Според мерењата, максималната односно минималната осветленост што може да ја даде PA238Q е од 10-243cd/m2.

Дијапазонот на боите на мониторот

Определувањето на спектарот на бои на мониторот го извршивме со помош на ProfileMaker Pro 5.10. Според сликите подолу може да се забележи дека дијапазонот на пои кај PA238Q е многу блиску до стандардниот опсег на боја во sRGB профил. Врз основа на сите тие податоци, можеме да заклучиме дека ASUS PA238Q користи LED-осветлување врз основа на бели LED диоди(како што спомнавме погоре сеа истото го потврдуваме). LCD монитор со бело позадинско осветлување не обезбедува рамномерен зрак на покриеност.

Црни и бели дамки

Белите LED диоди кои служат за позадинско освлетлување ги покажаа своите негативности токму во овој тест. При мерењето користен е стандарден режим, Brightness = 100 Contrast = 80.

Очигледно е дека постојат делово каде што црното ниво се зголемува значително. Во секојдневна работа овие области воопшто не се забележуваат како резултат на добрата осветленост на мониторот.

Заклучок

Asus во случајов има направено монитор кој пред се е наменет за напредни корисници… т.е. се фокусирале во изработка на монитор кој ќе биде користен за напредни аматери и полупрофесионалци, но нема да бидат разoчарани ниту оние кои бараат многу од мониторите. Функционалноста и квалитет на бојата на мониторот е на високо ниво. Во однос на неговите конкурентни монитори кои секако чинат повеќе имаат поширок опсег на боја па некои се дури и снабдени со калибратори. Можеби во одредени случаји дијапазонот на PA238Q навистина не е доволен, но доколку ви треба монитор кој ќе се користи за веб дизајн тогаш Asus PA238Q е вистинскиот избор за вас.

Позитивно

  • Добра боја
  • Четири различни излези
  • Вгрдена „слика во слика“
  • Мал response time
  • Вграден USB hub
  • Прилаглодлив држач
  • Добро опремен со додатна опрема

Недостатоци

  • Поремногу строг дизајн
  • Слаба подршка на видео режими освен 1080i/p

Голема благодарност до SET компјутери кои ни го отстапија мониторот на тестирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии