iOS 7 е повеќе од храбар обид да се престави свеж и редизајниран оперативен систем на корисници кои го сакаат iPhone поради неговата едноставност. Toj e идниот OС за сите следни уреди на Apple, од телефони и таблет компјутери до паметни часовници. Но, iOS 7 доаѓа во време кога Apple мораше да престави нешто поново од тоа што го гледавме во последните седум години, бидејќи денес конкуренцијата, главно Android и Samsung, е далеку појака и веќе го доминира пазарот.

Тоа што е добро во iOS 7…

На прв поглед iOS 7 изгледа комплетно рамен, премногу бел, премногу чист, но по првото користење знаете дека минималистичкиот редизајн е всушност истиот едноставен и практичен оперативен систем кој сега има дополнителни движење-две кои треба да ги научите. Пример, пребарувањето е сега со повлекување надолу наместо скролање лево на нов екран. Control Center е нова опција која се извлекува и ја поедноставува контролата врз уредот како вклучување на Wi-Fi, Bluetooth, светлост на екран, јачина на звук, дигитрон, тајмер и копче за активирање на камерата. Ако имате iPhone 5+ тука ќе го најдете и AirDrop со кој може да споделувате фајлови помеѓу два iPhone-и. За жал, опцијата е недостапна за iPhone 4 и 4S. iOS 7 сега користи Helvetica фонт, има поинтересни икони, и потрансперентни менија кои заедно со различните позадини креираат различен изглед на домашниот екран.

Поголемиот дел од апликациите веќе го прифатија новиот дизајн. Пример, Safari сега е прекрасен и чист, а Facebook попрактичен. Ставено се на куп, редизајнот се чини дека е успех, а на повеќето корисници им се допаѓа промената бидејќи имаат нешто ново. iOS 7 доаѓа и со неколку нови функционалности, меѓу кои и опција за креирање на свои вибрации во Sound > Vibration менито, како и опција за Bold Text во Accessibility со која може да го болдирате текстот за полесно да ги читате апликациите. Прелистајте ги убаво Settings менито за да најдете други корисни опции.

Тоа што е лошо…

Различните икони се лоши. Скоро секоја икона која ја имам на екранот е со различен дизајн, во различни бои, а најразлични од нив се иконите на апликациите на Apple како Photos и Game Center. Друг проблем ми е што Control Centar-от иако е одлична функционалност, сепак ми е непотребна. Во него се содржени опциите Airplane Mode, Bluetooth и Do Not Disturb, кои не ми се баш потребни како што ми е потребнa опцијата за вклучување и исклучување на Cellular Data, односно за активирање на 3G мобилниот интернет, која сега во iOS 7 е ставена на почеток на Settings менито. 3G-то е проблематично на iPhone бидејќи ја троши батеријата. Бидејќи имам push нотификации од апликации и имејл, 3G-то може да ми ја исцеди батеријата на неколку непотребни Facebook нотификации, па полесното менаџирање е да се вклучува и исклучува опцијата.

Иако интерфејсот за мултитаскинг во iOS 7 изгледа далеку подобро, тоа што е глупаво во iOS 7 е неинтуитивното движење за да изгасите апликации, кое наместо кликање на X-чињата на апликациите, е брзо скролање нагоре на секоја апликација. Добро е што може со три прста да изгасите три апликации одеднаш.

Најлошото сепак е скокањето во и од апликациите. iOS 7 се движи постојано, се движи кога ќе скролнете нагоре за Control Centar, надоле за нотификации, десно за нов екран со апликации… но тоа што ме нервира најмногу се скокачките диагонални анимации кога отварате и затварате апликации. Ако отворате неколку различни апликации, за брзо време добивате чувство како да сте на брод кој се ниша лево-десно од брановите. Неподносливоста станува поголема ако го имате вклучено parallax effect кој ја движи позадината зад апликациите зависно од движењето на телефонот. Решение за Parallax Effect е Settings > General > Accessibility > Reduce Motion.

Но, за многу корисници овие движења се забавни, а за тие како мене, можеби Apple ќе понуди некое решение со следната надоградба. Што се однесува на иконите, дизајнерите со тек на време ќе се усогласат како што направија со апликациите. Се друго е навика.

Грдото во iOS 7…

Користите фолдери на вашиот iPhone? Тогаш сочуствувам со вас. Сфаќам дека дизајнот на фолдерите е принуден бидејќи наместо само девет, сега може да ставите безброј апликации во еден фолдер. Но, наместо интуитивни две тапкања за да отвориш апликација, фолдерите во iOS 7 се скокачки ноќни мори кои ми отвараат нов екран со нови листи и нови скролања лево и десно се додека не ја најдам апликацијата која ме интересира. Уште полошо е што iOS 7 има грешка која дозволува креирање на „nested folders“, oдносно креирање на фолдери во фолдер во уште еден фолдер… Фолдерите се лоши, непрактични и треба да се избегнуваат.

9 коментари на “Прв поглед на iOS 7: Доброто, лошото и грдото

  1. Направија Андроид. На него, направија некои измени. Виктор ги опиша во лошото и грдото сите работи кои не се направени како на Андроид.
    Мислам дека полесно ќе беше да си адаптираа Андроид и ич да не се мачеа. Плус имаат огромна готова база на апликации за Андроид ;)

  2. Кој се навикнал на Андроид (посебно UI-то на Sony) сигурно ова нема да му изгледа непознато… Јас лично имав прилика да ја пробам оваа верзија кај еден другар кој мисли дека iOS 6 е подобар, и навистина е попрактично отколку претходните верзии. Инаку гледам авторот се жали за папките, супер се, сега малку што треба да скролаш за да ја најдеш апликацијата која ти треба, или пак едноставно направи повеќе папки со помалку икони во нив, дури ќе ти биде и попрактично. Гасењето на апликациите кај андроид е многу полесно, бидејќи Х-овите беа мали, а вака со влечење е полесно дури и за корисниците со поголеми прсти Контролниот центар е нешто што долго време му требаше на ајфонот. Околу минималистичкиот дизајн мислам дека не им требаше бидејќи Apple како што знам беше компанија која секогаш се двоеше од другите, вака изгледа како копирање од конкурентите.

  3. A da napisevte profesionale review a ne ulicharski. Kakov e ovoj stil kako da razgovarate so drugarche od maalo. Prv pat vo review chitam za izrazi kako 'glupavo'. I povtorno review se pisuva od ime na portalot za koj rabotite a ne od prvo lice.

    Za tehnickite zabeleski nema nitu da komentiram zatoa sto premnogu se licni. Najgolemiot del od funkcionalnostite i izgledot mene mi se dopagjaat.

  4. 1. "iOS 7 доаѓа и со неколку нови функционалности, меѓу кои и опција за креирање на свои вибрации во Sound > Vibration менито, како и опција за Bold Text во Accessibility со која може да го болдирате текстот за полесно да ги читате апликациите"
    2. "…активирање на 3G мобилниот интернет, која сега во iOS 7 е ставена на почеток на Settings менито."
    * И на iOS 6 ги имаше овие работи.

    "Во него (Control Centar-от) се содржени опциите Airplane Mode, Bluetooth и Do Not Disturb, кои не ми се баш потребни како што ми е потребнa опцијата за вклучување и исклучување на Cellular Data"
    * Сигурен сум дека најголем дел од iOS 7 корисниците нема да се согласат со тебе, а и подолу објаснуваш дека 3G-то ја цеди батерија, па решение за тоа е вклучување/исклучување по потреба.

    "Иако интерфејсот за мултитаскинг во iOS 7 изгледа далеку подобро, тоа што е глупаво во iOS 7 е неинтуитивното движење за да изгасите апликации, кое наместо кликање на X-чињата на апликациите, е брзо скролање нагоре на секоја апликација. Добро е што може со три прста да изгасите три апликации одеднаш."
    Зарем полесно е кликањето на "X-чињата" (самиот кажуваш дека се мали, што значи лесно се промаршуваат особено ако имаш подебели прсти :) ) од инуитивно гасење со <s>скролање</s> свајп нагоре, притоа со можност за гасење на повеќе апликации одеднаш (што за многу корисници беше недостаток). Тука би додал дека добро би било да се додаде копче "Kill All".

    П.С. Сигурно заборави да спомнеш нешто и за Notification Center ;)

    позз

    1. Секако дека ова е мој поглед на iOS 7. Зборев со други корисници, и јасно е дека iOS 7 e различни искуство за сите. Во секој, случај tnx за коментарот и забелешките. Notification Center ми е некако обичен, ништо специјално.

      1. Jas Bi rekol deka iOS7 e sovrsen, sekako ima nekoi bagovi, no vo globala e idelaen i najstabilen operativen mobilen sistem. Inaku neznam Viktor dali si fan ili voopsto korisnik na iPhone, ama mislam deka ne si, zatoa i poveke negativni kritiki izjavi.

        Inaku iOS7 go koristam 3 meseci uste od prvata objavena beta verzija.

        Pozdrav.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии